• Latest

Членство во ЕУ: Преговори без преговори

September 11, 2020
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Членство во ЕУ: Преговори без преговори

September 11, 2020 10:03
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека целата македонска јавност е возбудена за одамна очекуваниот и сѐ поизвесниот почеток на преговори за членство во ЕУ, едно од најчесто поставуваните прашања е колку ќе траат преговорите. Тоа во моментов никој не може да го предвиди. Меѓутоа, вреди да се потсетиме што всушност претставуваат преговорите за членство во ЕУ и од што зависи нивното траење.

Примарното право на Унијата не споменува буквално преговори. Еден член се однесува на условите и постапката за членство (член 49 од Договорот за Европската Унија). Условите изгледаат едноставни – државата што бара членство да е европска земја и да ги почитува демократските вредности на Унијата. За постапката само се вели дека условите за прием и прилагодувањата на Договорите врз кои е основана Унијата, ќе бидат договорени меѓу земјите-членки и земјата-апликант, кој пак сите држави-членки треба да го ратификуваат. Фразата „ќе бидат договорени“ всушност го содржи целиот процес на преговори меѓу Унијата и апликантот.

Кога велиме „преговори“ вообичаено мислиме на процес во кој две страни се договараат за да постигнат некоја заедничка цел – договор. Но, во случајот на пристапувањето во ЕУ од едната страна ги имаме државата која сака членство, а од другата – сите членки на ЕУ, претставени преку институциите на ЕУ. Вообичаено, во преговори претпоставуваме дека имаме две рамноправни страни. Тоа никогаш не било случај во преговорите за членство во ЕУ, дури и кога се работело за моќни апликанти или групи на апликанти. Оттаму, станува збор за процес во кој едната страна – ЕУ е во посилна позиција. Таа е „клубот“ во кој апликантот сака да пристапи и страната што всушност ги поставува условите за членство.

Одлуката, во крајна линија, е политичка – сите држави-членки треба да се сложат дека сакаат да го примат новиот член. Впрочем, тоа ние најдобро го осетивме на сопствена кожа уште одамна пред одлуката за почеток на преговорите. Од друга стана, нивото на исполнување на објективните услови за членство значително влијае на кредибилноста на една држава да стане членка.

Пристапот на ЕУ и флeксибилноста во преговорите во голема мерка зависи од тоа дали новите апликанти се земји со развиена демократија и дали нивниот влез ќе влијае позитивно или негативно на Буџетот на ЕУ (или со речникот на ЕУ: дали ќе бидат нето контрибутори или нето приматели на Буџетот).

Да го земеме примерот на групата држави од ЕФТА – Шведска, Австрија и Финска, како развиени демократии и економски развиени држави. Тие станаа членки во 1995 година, по само една година преговори (кои почнаа во март 1993 година), а во неполна година заврши процесот на ратификација. Дури, Норвешка, која беше дел од овој „пакет“ на референдум реши да не пристапи, и покрај согласноста на ЕУ. Исланд, пак, кој почна преговори во 2010, една година по поднесувањето барање за членство, се откажа од кандидатурата во текот на преговорите, а ЕУ секако дека би го поздравила нивното враќање на преговарачката маса.

Наспроти овие примери, значително е подолго времето на преговори за државите кои немаат традиција на парламентарна демократија. Од почетокот на преговорите до пристапувањето изминаа четири до седум години за државите од источната група, а осум години за Хрватска, која успеа да се издвои од групата на Западен Балкан. Црна Гора и Србија преговараат веќе осум односно седум години, а не се ни на половина пат во преговорите. Ако се земе предвид времето од поднесувањето барања за членство до членството, периодот е многу подолг.

Разликата ја чини политиката на условеност која ЕУ ја примени кон државите од Источното проширување, а сега станува уште посложена за Западниот Балкан. Оттаму, преговорите за државите од нашиот регион сѐ повеќе се процес во кој се утврдува како државата која бара членство ќе ги исполни, и дали ги исполнила условите за членство. Или, преведено на вообичаенот речник – дали и како ќе се спроведат реформи потребни за членство во ЕУ.

Во крајна линија, успехот и времетраењето на преговорите ќе зависат од делотворноста на политиката на условеност, од една страна, како и од апсорпциониот капацитет на ЕУ – од друга страна.

Анализа за „Порталб.мк“ од Малинка Ристевска, Јорданова, Институт за европска политика / преземено од МЕТА 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ