• Latest

Дали Силјановска Давкова се согласува со барањето на Комитите за „гасни комори за Шиптари“?

April 17, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дали Силјановска Давкова се согласува со барањето на Комитите за „гасни комори за Шиптари“?

April 17, 2019 09:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дехран Муратов

„Мртов Шиптар, добар Шиптар!“, „Шиптарски п…и!“, и други крајно навредливи националистички изрази преовладуваа во текот на фудбалскиот меч меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија, кој се одигра во стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, во неделата, на 14 април. Ниту прекинот од неколку минути, не ги убеди Комитите да прекинат со националистичкото скандирање, туку напротив, тие фрлаа и предмети на теренот и го погодија и фудбалерот Мурати со шише, при крај на натпреварот.

На два дена пред фудбалскиот натпревар, на Фејсбук страницата на навивачката група Комити имаше статус за убиените момчиња кај Смилковско езеро, во кое напишаа: „Лето Господово 2012-то…Четири млади момчиња на најсвиреп, најподмолен и кукавички начин беа ликвидирани од Вахабистички фундаменталисти. Сведокот на настанот е, исто така, ликвидиран. Нивниот грев беше што се најдоа на погрешно место, во погрешно време. Нивниот грев беше што се родија и живееја како Македонци“…

Неколку часа подоцна Комитите ги повикаа оние што се разочарани од „сè што се случи и што ѝ се случува на татковината“, во уште една конфузна порака:

„Сквернавења, силувања, предавства спроведени или поддржани од оние кои мислевме дека се наши браќа Македонци… Црвено-Црната Армија ќе биде облечена во Црна униформа, наоружани со нова верба во Вардар, Македонија и, пред сè, во Бога, во времето на овој Велигденски пост, затоа што Бог ќе ја чува нашата Македонија…“

Тие не пропуштија да спомнат дека се верници и дека веруваат во Господ и бараа смрт за различните од нив.

За вакви или слични инциденти на навивачите, досега Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го казнуваше домашниот тим симболично, со парична казна, неколку натпревари да не игра на домашен терен, а на неколку натпревари забрани публика. Всушност, така е и во сите останатите спортови, доколку има инциденти од страна на навивачите.

На пропагандниот спот на ВМРО-ДПМНЕ, за нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска Давкова, има и сцена од навивачката група Комити со транспарент „Никогаш Северна, Македонија секогаш“.

Прашањето е дали Силјановска Давкова се согласува со идеологијата на оваа навивачка група која бара „гасни комори за Шиптари“ и дека „мртов Шиптар е добар Шиптар“?!

Силјановска Давкова, кога беше на митинг во Велес на 14 април, не ја пропушти можноста да ја искритикува власта дека македонската химна беше интонирана без зборови на фудбалски натпревар.

„Замислете, на денешната утакмица, химната била интонирана без зборови. Епа, се прашувам, дали тогаш е слободна Македонија, ако е иредентизам да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини, ако Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата меѓу кои и химната, покрај грбот и знамето. И се прашувам, дали за власта важат законите, оти има закон што се носи со 2/3 мнозинство, исто со какво што се носи и Уставот, за да се каже какво е значењето и јачината на химната, дали важи овој закон за премиерот и за владата? Се разбира, сите се под Уставот и законите во слободна земја, ама јас се плашам, дали оваа земја се уште е слободна?“ – ламентираше Силјановска Давкова.

Очигледно, независната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ има селективна перцепција на спортските натпревари! Навредите, говорот на омразата, повиците на насилство и смрт што ги објавуваат нејзините поддржувачи, Комитите, на социјалните мрежи и на трибините, не допираат до нејзините уши и очи, па затоа не ги осудува.

На ракометниот натпревар меѓу Северна Македонија и Исланд, Комитите обвинуваат дека обезбедувањето им ги одземале македонски национални знамиња, односно не ги пуштале да влезат со знамето на вергина или навивачки знамиња.

„Го охрабруваме македонскиот народ да не се откажува по никоја цена од својот идентитет, име, симболи, знаме, јазик, гордост! Сите овие нешта се нераскинливо поврзани со чувствата на секој човек кој се идентификува како Македонец. Тоа што една група луѓе се договарале на своја рака и во свое лично име да понижат еден народ, не може и нема да значи дека тој народ треба да се покори. #НЕПОКОР #МакедонијаЕСеШтоИмаме #ЦелаДаЕ“, стои на реакцијата.

Досега бевме сведоци дека навивачките групи се користат како топовски месо за политички цели. Сè уште се свежи сеќавањата од инцидентите на скопското Кале каде што наводно требаше да се изгради црква. Епилогот беше со неколку повредени навивачи од Комитите и Шверцерите, чиј водач тогаш беше актуелниот пратеник Артан Груби.

Исто така, пред неполна година беше убиен Никола Саздовски – Саздо, член на Комитите, по што оваа група неколку пати протестираше на улиците низ Скопје, барајќи правда, но со скандирање полно со говорот на омразата.

Поголемиот дел од македонските навивачки групи се здружија кога се постигна Договорот за промена на името, така што бевме сведоци на говор на омраза и навреди на 2 август во Крушево, додека се одбележуваше Крушевската република, односно Илинденското востание.

Безбедносните служби во соработка со спортските федерации, доколку проценат дека некој дерби натпревар е од поголем ризик, тогаш им се забранува организирано доаѓање на гостинските навивачи, за да не дојде до физички пресметки со домашните навивачи.

Во најголем дел, лидерите на навивачките групи ја почитуваат таа одлука, но сепак не може да се гарантира целосна безбедност, бидејќи досега има(ше) низа инциденти, пред сѐ надвор од спортските терени.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share95Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ