• Latest

Дали сите понекогаш гледаме заговори?

May 14, 2020
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дали сите понекогаш гледаме заговори?

May 14, 2020 11:04
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Што го карактеризира заговорничкото размислување? Овој период, во кој живееме, задоволува многу од условите за развој на заговорничко размислување. Во овој напис ќе се насочиме кон спецификите што го карактеризираат заговорничкото размислување за да можеме полесно да ги препознаеме.

Оваа криза, која ја живееме повеќе од 2 месеци, направи голем број промени во целиот свет. Ширањето на смртоносната зараза нѐ затвори сите дома и социјалното дистанцирање предизвика зголемување на онлајн комуникација и учење, нови начини на однесување и другарување, живеење без туризам и угостителство и голема економска неизвесност. Сите тие промени, заедно со заразата, предизвикаа страв од непознато, кој комбиниран со уште неколку фактори го зголеми ширењето лажни вести и дезинформации, како и креирање и ширење на заговорнички теории.

Никој не е имун на овој начин на размислување, пред сѐ, затоа што сите луѓе ги поседуваат истите психолошки механизми што постојат да ја заштитат индивидуата од надворешна закана, и сите во најголем дел од времето функционираме несвесно.

Потоа, овие теории имаат одредени привлечни карактеристики што ги прави лесно прифатливи и уште полесно раширливи.

  1. Тие тврдат дека го објаснуваат она што не можат да го објаснат институционалните анализи. Изгледаат како да даваат смисла на свет, кој, инаку, е доста збунувачки.
  2. Тоа го прават на привлечен едноставен начин, со остро делење на светот помеѓу силите на светлината и силите на темнината. Притоа, го следат коренот на целото зло во еден единствен извор – конспираторите и нивните агенти.
  3. Конспиративните теории често се претставуваат како специјално тајно знаење, незнајно или неценето од другите. За поддржувачите на заговорничките теории масите се стадо со испрани мозоци, додека тие можат да си честитаат себеси што ги откриле заговорниците и измамниците.

Психолозите забележуваат дека заговорничкото размислување може да биде патолошко и е во корелација со параноја, психолошка проекција и често е асоцирано со (шизоидна) карактеристика на личноста. Денешната вонредна ситуација особено влијае врз менталното здравје на луѓето што прави далеку поголем број од нив да бидат подложни кон прифаќање на ваквите теории.

Затоа, од огромна важност е да научиме да ги препознаваме и да се заштитиме од нив, поради што професорот Стефан Левандовски издвоил неколку кактеристики на заговорничкото размислување.

За полесно да се запомнат првите букви од секоја карактеристика го градат зборот КОНСПИР – што асоцира на конспирација, односно заговорништво.

На сликата на визуелен начин се прикажани овие карактеристики како помош за полесно да се запознаат и да може да се препознаат во информациите на кои секојдневно сме изложени. Илустрација: Вистиномер
На сликата на визуелен начин се прикажани овие карактеристики како помош за полесно да се запознаат и да може да се препознаат во информациите на кои секојдневно сме изложени/Илустрација: Вистиномер

КОНТРАДИКТОРНОСТ

Теориите на заговор често симултано веруваат во идеи кои се меѓусебно контрадикторни. На пример, постои теорија дека Бил Гејтс сака да ја намали бројноста на луѓето во светот, дека тој го измислил вирусот за да го оствари тој свој сон, но во исто време се верува дека го измислил вирусот да ја продава вакцината која, исто така, ја има веќе измислено, како и дека сака со помош на вакцината и 5Г мрежата да ги контролира луѓето.

Покрај ова, се верува дека 5Г е штетна за луѓето и предизвикува рак, потоа дека таа ја предизвикува болеста COVID-19, но во исто време се верува дека со помош на вакцината која ќе содржи нано честички, ќе ги контролира умовите на луѓето.

Ова е поради тоа што посветеноста на „теоретичарите“ на неверување во „официјалните“ податоци е апсолутна, така што не е важно доколку нивниот систем на верување е инкохерентен.

ОГРОМНО СОМНЕВАЊЕ

Скоро сите заговорнички теории се засноваат врз сомнеж и недоверба. Секогаш има некоја личност, некоја тајна група на богати и моќни кои зад кулисите подготвуваат некој светски заговор за контролирање на светот и животите на луѓето. Секогаш постои план и никогаш нештата не се онакви како што им изгледаат на сите други.

Недовербата стигнува до степен од нихилистичко ниво на скептицизам, кон секој еден „официјален“ извор. Секогаш тоа се алтернативни портали или отстранети видеа кои ја кажуваат вистината. Сите општо прифатени и респектабилни медиуми се дел од заговорот. Ова екстремно ниво на сомнеж превенира верување во секоја информација која не се вклопува во заговорничката теорија.

НЕШТО НЕ Е ВО РЕД

Дури и кога ќе напуштат некоја теорија поради очигледна невистинитост, поддржувачите на теории на заговор остануваат со мислата која генерално преовладува во нивните ставови дека „нешто мора да не е во ред“ и дека официјалните извори се базираат на измама.

СТРАШНИ НАМЕРИ

Ова е поврзано со претходната точка. Мотивите позади секој заговор се крајно злобни и малициозни. Верувачите во конспирации никогаш не веруваат дека конспираторите имаат бенигни мотиви. Нивните цели се до тој степен хиперболизирани што секогаш потсетуваат на најголемите негативци во цртаните филмови или стриповите како владеење со светот, манипулација на сите луѓе, чистење на светот, труење на луѓето, зомбифицирање и слично.

ПРОГОНЕТА ЖРТВА

Поддржувачите на овие теории се доживуваат себеси како жртви на организиран прогон. Истовремено се гледаат себеси како храбри револуционери, кои им се спртивставуваат на силните негативци од заговорите. Ваквото мислење, всушност, претставува симултана перцепција на себеси и како жртва и како херој.

На пример, поддржувачите на 5Г заговорничката теорија сметаат дека злобните заговорници ја местат таа мрежа за да им наштетат ним, но во исто време се организираат да палат 5Г антени и се претставуваат себеси како освестени и разбудени, за разлика од останатите кои се несвесни глобалисти со испрани мозоци.

ИМУНИ НА ДОКАЗИ

Доста интересна карактеристика на заговорничките теории е тоа што се отпорни на докази. Кога пристапниците на одредена теорија на заговор ќе ги соочиш со аргунмент или факт кој се спротивставува на нивното верување, го интерпретираат како дел од доказите дека теоријата е точна. Односно, секој оној кој ќе се обиде да ја оспори теоријата, станува дел од заговорот.

На пример, доколку некој се обиде да им објасни со факти на луѓето кои се против вакцинирање дека вакцините се добри и тие функцинираат најдобро кога целото население е вакцинирано, тие возвраќаат со тоа што ваквиот став го претставуваат како дел од конспирацијата.

РЕИНТРЕПЕТИРАЊЕ НА СЛУЧАЈНОСТА

Преголемата сомнивчавост која може да се најде во заговорничките теории често води до верување дека ништо не се случува случајно. Случајни настани кои не значат ништо се вткајуваат во поширока исповрзана шема. На пример, 5Г мрежата беше планирана и поставувана неколку години, но дел од тестирањата се поклопија со пандемијата на COVID-19, па некои си ги поврзаа овие две работи и тоа повторно на контрадикторен начин. Една теорија, која произлезе од реинтерпретацијата е дека 5Г ја предизвикува болеста, додека, пак, другата кажува дека не постои болеста, но затворањето дома и полицискиот час постојат за да можат слободно да ги поставуваат 5Г антените.

*

Несомнено живееме во едно поинакво време, кое на сите некако чудно делува. Секојдневно сме изложени на поплава од информации кои неретко се и намерно креирани да направат забуна, недоверба и несигурност. Така што дури и обидите за критичко мислење и сомневање доколку не се прават на правилен начин можат да доведат до преголема сомничавост, што потоа полесно може да нѐ доведе до размислувањето кое е опишано погоре. Затоа е важно да научиме како критички да размислуваме, како да ги препознаваме дезинформациите и лажните вести и на крај да научиме да ги препознаеме карактеристиките на заговорничкото размислување за да не паднеме и ние во неговата стапица.

Билјана Танеска/ Вистиномер

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ