• Latest

Деркоски: Да се одреди изборен ден и организацијата на изборите да почне од почеток

April 30, 2020
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Деркоски: Да се одреди изборен ден и организацијата на изборите да почне од почеток

April 30, 2020 20:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Парламентарните избори повторно да се организираат од почеток, со нивно распишување, за да не може некој да го оспори нивниот легитимитет“, смета претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски.

„Има многу отворени прашања што сите политички фактори во земјата треба да ги решат“, рече Деркоски во интервју за ТВ 24, кој смета дека Уставниот суд треба да се вклучи во надминување на правната празнина во однос на решението за распишување на параментарните избори, односно да се преиспита решението на претседателот на Собранието за денот на изборите и како тоа решение да се измени со друг датум.

Условот за да има избори, потенцира тој, е да се одреди изборен ден, а ДИК не е надлежна да определи изборен ден.

Деркоски од, како што кажа, позиција на претседател на ДИК, се воздржа од одговор на прашањето дали Собранието треба да се состане повторно.

„Точно е мора да се најде уставно издржано решение, да се договори консензуално меѓу сите политички фактори и во таа ситуација никој нема да го доведе во прашање легитимитетот на изборите. Остануваат неколку месеци до редовните избори, не е никаков проблем да се изнајде вистинско решение. Единствено на кое јас апелирам е дека треба да се створат максимално добри услови за организација и да се има фер натпревар во таа изборна трка“, рече Деркоски.

Во однос на прашањето за одредување изборен ден и дали ДИК ќе достави своја иницијатива до Уставниот суд, тој рече дека досега има неколку иницијативи и дека ќе почекаат да видат што ќе се случува деновиве, но тој смета дека претседателот на државата е местото каде што треба да се донесат одлуки.

„Би апелирал да се прифати иницијативата на претседателот на државата. Таму е местото каде што треба да се седне и да се разговара за прашањето и да се донесат одлуките и да се изнајде законито решение за излез од оваа ситуација“, рече Деркоски.

Деркоски е дециден дека избори несомнено треба да има но оти „не треба да се доведеме во ситуација да го загрозуваме здравјето на граѓаните“.

Во интервјуто тој истакна дека со мерките што се воведени поради Ковид-19, треба да се земе предвид дека процесот на гласање ќе претрпи промени односно граѓаните ќе треба да бидат на растојание од два метри, ќе треба да носат маски и ракавици, што треба да ги извадат за да бидат испрскани со безбојниот спреј, потоа ќе треба да се набават онолку пенкала колку што ќе има гласачи во Избирачкиот список.

Според Деркоски, исто така ќе треба да се повтори и целата постапка за Избирачкиот список бидејќи има промени – починати лица, лица кои наполниле 18 години итн.

Тој укажа дека на денот на гласање, од своите домови за да го дадат својот глас ќе излезат можеби милион граѓани кои треба да се чуствуваат безбедно, а треба да се земе предвид и дека во целиот изборен процес се ангажирани околу 35.000 лица.

„Треба многу сериозно да се размисли како понатаму ќе се одвиваат овие процеси“, потенцира Деркоски, кој вели дека за да се организираат избори од денот на ниното распишување се потребни 50 до 60 дена.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ