• Latest

Дескоска: Бесплатна правна помош и еднаков пристап до правда – адвокатот, судски и административни трошоци се покриваат од буџетот

October 1, 2019
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дескоска: Бесплатна правна помош и еднаков пристап до правда – адвокатот, судски и административни трошоци се покриваат од буџетот

October 1, 2019 15:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес стапува во сила новиот Закон за бесплатна правна помош, кој на голем број граѓани ќе им овозможи пристап до правдата и остварување на нивните права. Граѓаните добиваат бесплатна правна помош и еднаков пристап до правда –  адвокатот, сите судски и административни трошоци се покриваат од буџетот, соопштија од Министерството за правда.

На прес конференција, министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска ги промовираше новините во овој закон, и истакна дека “овој закон придонесува кон градењето на владеењето на правото, но и содржи и една хумана димензија која подразбира дека материјалните можности не смеат да бидат пречка за остварување на правата на граѓаните“.

Дескоска потенцираше дека со овој закон, граѓаните кои немаат доволно финансиски средства ќе можат да ги остварат своите права пред судовите, пред управните органи, но и пред други државни органи како што се Уставниот суд, народниот правобранител и др институции.

Бесплатната правна помош граѓаните можат да ја добијат за имотно-правни спорови, должничко-доверителски односи, за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви на семејно насилство, за остварување на социјална помош, за спорови со осигурителни компании итн.

Новина во законот е што сега се покриваат сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош. До сега не се покриваа судските такси, трошоци за вештачење и сл., што беше пречка за многумина да добијат заштита заради дополнителните трошоци. Сега таа пречка е отстранета.
Со новиот закон, корисниците на бесплатна правна помош се ослободуваат од судски трошоци и од трошоци за вештачење и истото ќе се врши од Бирото за судски вештачења без надомест.

Законот предвидува давање на примарна и на секундарна правна помош.

Примарната правна помош ја даваат овластени лица од Министерството за правда или од подрачните одделенија кои ги има по градовите во внатрешноста на државата. Примарна правна помош даваат овластени здруженија. Досега се регистрирани седум вакви здруженија.

Примарна правна помош ќе даваат и правните клиники  на правните факултети. Почнувајќи од денес, правните факултети на првите седум рангирани универзитети може да поднесуваат барања за регистрација на правните клиники.

“Со тоа даваме можност да се воспостави двојна корист – бесплатна правна помош на оние на кои им е потребна и можност за практична настава за студентите на факултетите кои од студентските клупи ќе го учат правничкиот занает, а тие секако ќе бидат менторирани“ – потенцираше Дескоска.

Секундарната правна помош ја даваат адвокатите и таа се состои од застапување во граѓански судски постапки, во управни постапки пред Фондот за пензиско и инвалидсно осугуривање, Фондот за здравствено осигурување, застапување во постапка за расправање на оставина пред нотар, составување поднесоци на должник пред извршител и сл. Новина на овој закон е што бесплатна правна помош добиваат и жртви на кривични дела.

“За да можеме да излеземе во пресрет на очекуваниот зголемен обем на барања за бесплатна правна помош, оваа година буџетот на Министерството за правда е зголемен за 2 000 000 денари, повеќе од претходните години. Со години наназад буџетот за оваа намена беше 3 000 000 денари, а оваа година изнесува 5 000 000 денари“ – истакна Дескоска.

Барателот на бесплатна правна помош треба да ги исполни следните услови: ако барателот живее сам неговиот месечен приход да не е поголем од утврдената минимална плата, ако живее во семејство – вкупниот приход да не биде поголем од минимална плата зголемена за 20% од минималната плата за секој член поеинечно. Тоа значи 12 500 денари плус 2500 денари или вкупно 15 000 денари месечен приход ако се двочлено семество, или 17 500 денари за трочлено семејство, 20 000 за четиричлено семејство, како приход не се смета надоместок за помош и нега од друго лице, родителски додаток за дете, детски и посебен додаток, додаток заради посебни потреби, надоместок на плата за скратено работно време итн.

Барателот на правна помош, исто така, не треба да има повеќе од еден едностанбен објект или стан во зграда, да нема повеќе во сопственост од една или повеќе физички поврзани парцели со вкупна површина од 300 м2 во Скопје, 500 м2 во другите општини, односно една или повеќе парцели со вкупна површина не поголема од 5000 м2 во рурални средини, и едно моторно возило до 1200 кубни сантиметри.

Дескоска ги охрабри граѓаните кои ги исполнуваат условите за добивање бесплатна правна помош да се обратат до подрачните одделениија на Министерството за правда, до граѓанските здруженија, и истакна дека се надева дека наскоро ќе може да се обраќаат и до Правните клиники на правните факултети.

Б. Ј.

 

Share87TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ