Изет Меџети, потпретседателот на Демократската унија за интеграција во вчерашната дебатна емисија на ТВ 21 изјави дека доколку неговата партија не го поддржеше Стево Пендаровски за консензуален кандидат, како свој фаворит тие го имале претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Меџити додаде дека ДУИ го почитува професорот Блерим Река зад чија кандидатура застанаа Алијансата за Албанците и Беса, но и дека ставот на партијата е дека кандидат Албанец не може да победи на претседателските избори.
„Немаме ништо против господниот Река, но врз основа на анализите, дојдовме до заклучок дека еден кандидат Албанец не може да победи доколку бројките не му одат во корист, доколку минимум нема еден македонски политички субјект зад него, за да биде претседател на сите граѓани и одевме според принципот на консензуалност, бидејќи на овој начин мислиме дека го факторизираме албанскиот глас“, рече Меџети.
М. И.