• Latest

Џафери: По завршување на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите

May 7, 2020
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Џафери: По завршување на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите

May 7, 2020 22:04
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва информира дека добил покана за учество на лидерската средба закажана за 12 мај од кабинетот на претседателот на државата и оти по завршувањето на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите.

„Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател на Собранието, а во случајов и според уредбата е должна да постапи по роковите како што застанала. Евентуално во однос на она што Избирачкиот список бил ажуриран до 12 април, па ќе биде нов датум, кој ќе биде, до тој датум Изборниот законик, обврските на државните органи посебно МВР кај што е матичната служба имат периодична обврска на три месеци да достават извештај за ажурирање на Избирачкиот список. Изборниот законик вели дека сите граѓани кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години мора да бидат на Избирачки список по службена должност од списокот што ќе го достави дотичното Министерство до ДИК по распишување на изборите. Значи, тука нема никаков проблем во смисла на она што е санкционирање на состојбата“, рече Џафери вечерва во гостување на емисијата Вин-Вин на ТВ Телма

Тој појасни дека нема обврска да одговори на иницијативата поднесена од 35 пратеници за повторно свикување на Собранието кое е распуштено за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19 од страна на претседателот Стево Пендаровски.

„Изричито мое право и надлежност како претседател на Собранието е дали ќе свикам или нема да свикам седница. Ако сметаат дека сум ја злоупотребил својата функција можат да поднесат кривична пријава“, вели Џафери.

Според него, престанокот на мандатот на пратениците за претставување на граѓаните престанал месец и повеќе дена откако настапија условите за причината за вонредна состојба и од таа причина, вели, ние не може да се вратиме да одлучуваме. Тој го повтори ставот дека самораспуштен Парламент не може да решава веќе, бидејќи го вратил мандатот на суверенот, а Уставниот суд е единствен орган кој суди по основ на конфликт на надлежности. Ваквиот негов став, смета дека е во согласност и со одлуката на Уставниот суд за поништување на одлуките за одложено распуштање на Собранието од 18 јануари и 23 февруари, 2016 година.

„Со решението за свикување седница за да вратам Парламент кој што се решил да го врати својот мандат јас го прекршувам Уставот и правам кривично дело злоупотреба на службената должност и функција. ..Во моментот кога сум констатирал според процедурите дека Собранието со 108 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан, констатирам дека Собранието донело одлука за распуштање. Од тој момент не земјотрес, не оган, не епидемија, пандемија не постои Собранието со право да одлучува. Тоа треба да го разберетете како дух на Уставот. Јас немам персонално, лично право ниту институционално право да го вратам“, појаснува Џафери.

Тој посочува и дека фактичка состојба што Собранието не може да се врати е и што претседателот на државата при првиот предлог од Владата за донесување одлука за вонредна состојба, го прифатил неговото укажување дека Собранието не може да се состане.

„При втората одлука претседателот парафразирам вика мислам дека Собранието може да се состане, претседателот на Собранието не е подготвен да прифати одоворност, јас ја преземам одговорноста. Ако така мислел претседателот на државата вториот пат, требало да мисли и првиот пат и да каже кога му го пратив писмото првиот пат дека Собранието не може да се состане и дека има поинакво мислење. Требало да каже „не“ јас имам поинакво мислење, не донесувам одлука и или да ми го врати актот па јас да го препратам до Уставниот суд или пак тој да го препрати до Уставниот суд и да отвори спор меѓу налдежностите на властите. Уставниот суд одлучува за спорови меѓу властите – законодавна, извршна и судска“, рече Џафери.

Тој со забелешка и што Владата при вториот предлог за нова одлука за втората вонредна состојба, како што рече, не ја запазила формата, односно не ја запазила постапката и втората предлог одлука да ја достави прво до Собранието, а тој потоа да ја препрати до претседателот на државата.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ