Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб-страница го објави Е-Регистарот на подзаконски акти. Од Комисијата појаснуваат дека на Е-Регистарот може да пристапи секој граѓанин кој сака да дознае како да го искористи своето право на глас, кандидат кој сака да се кандидира на следните избори и секоја заинтересирана организација или лице кои сакаат да го набљудуваат изборниот процес.
– На Е-Регистарот е овозможен брз и лесен пристап до подзаконските акти на Државна изборна комисија, од каде ќе може да се информирате за своите права во изборниот процес, како и во врска со редовното работење на Државната изборна комисија, се посочува во соопштението.
Е-Регистарот на ДИК е достапен на следниот линк: https://eregistar.sec.mk/.
Изработен е во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
Изготвени се и видеа за користење на Е-Регистарот, кои се прикачени на следните линкови:
На овој линк е верзијата на македонски јазик
https://www.dropbox.com/scl/fi/msmjxx67oobt3200bjuy4/sec-e-registar_ver2.mp4?rlkey=v4rb6y49epqwrrsstqp8uu2cc&dl=0
На овој линк е верзијата на албански јазик
https://www.dropbox.com/scl/fi/78u9657ba1uc56e63sc3i/sec-e-registar_ver2-ALB.mp4?rlkey=lxtrroona07hcu8meql39d9jf&dl=0
Фoто: Принтскрин