• Latest

ДИК: Партиите да ги почитуваат препораките за јавни собири, граѓаните ќе гласаат само со важечки лични карти и пасоши

February 28, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДИК: Партиите да ги почитуваат препораките за јавни собири, граѓаните ќе гласаат само со важечки лични карти и пасоши

ДИК усвои повеќе упатства за гласање на избирачките места, во казнено-поправни установи, во домашни услови…

February 28, 2020 14:51
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија, на денешната седница, го усвои упатството за гласање на претстојните избори. Новина во делот на остварување на гласачкото право на граѓаните, согласно измените во Изборниот законик, е тоа што надлежните институции сами ќе ги внесат во Избирачкиот список лицата на кои им истекуваат личните документи во периодот од распишувањето до одржувањето на изборите.

Сепак, овие лица, во меѓувреме, мора да извадат нови документи за идентификација или да ги подигнат, ако веќе повеле постапка за нови лични карти или пасоши, затоа што без тоа нема да може да го остварат своето избирачко право на гласачките места.

ДИК ги усвои и упатствата за гласање на лицата што се во притвор или издржуваат затворска казна, како и за лица со попреченост. Болните и изнемоштени лица треба да се пријават дека сакаат да гласаат една недела пред изборите. При нивното пријавување треба да достават и медицинско решение со кое се потврдува дека тоа лице не е способно да гласа на денот на избори. Исто така и лицата кои се во домашен притвор ќе може да гласаат еден ден порано, откако претходно ќе се пријават дека сакаат да го остварат своето право на глас.

Од ДИК информираа дека лицата кои нема да може да гласаат ќе добијат обрасци.

Исто така информираа дека гласачките ливчиња нема да бидат важечки ако на нив не е јасно заокружено со плаво хемиско пенкало за кој кандидат се гласа, или доколку има некакви симболи.

Рокот за пријавување на домашни и странски организации за набљудување е до 6 април, кои во својот Статут имаат дека ги застапуваат човековите права и слободи.

На местата каде што нема државни институции каде што може да се одвива гласањето, ДИК ќе одвои по 3 000 денари за приватни објекти каде што ќе може да се гласа.

Доколку во странство не се пријават повеќе лица кои ќе гласаат од претходните избори во 2016 година, а таа бројка изнесува околу 6.500 граѓани, тогаш членови на ДИК нема да патуваат надвор од државата за да ги спроведат изборите.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски очекува дека партиите ќе се придржуваат до препораките во врска со јавните собири во контекст на превентивата од корнонавирусот, за што денеска на седница одлучува Владата.

„Се надевам ќе ги почитуваат одлуките на Владата. Ситуацијата е таква во која мора сите да внимаваме и да се однесуваме одговорно. Се надевам дека ќе се однесуваат одговорно во целата ситуација“, рече Дерковски одговорајќи на новинарско прашање по денешната јавна седница на ДИК.

Владата, како што најави претходно министерот за здравство Венко Филипче, денеска на седница ќе одлучува дали ќе забрани масовни јавни собири без разлика дали се организираат на отворен или затворен простор, како спортски настани, со цел превенција на ширење на коронавирусот.

Членовите на Државната изборна комисија ги прифатија барањата на десетици претседатели, заменици или членови на Општински изборни комисии, повеќе да не ја извршуваат функцијата. На нивно место по случаен избор, ќе бидат избрани нови членови.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ