Државната комисија за спречување за корупција на денешната деветта седница, што ќе започне во 13 часот во просториите на ДКСК, ќе постапува по приговори од учесник/организатор на изборна кампања.
На дневниот ред се четири приговори и тоа од 12 април, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, против Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Скопје, приговор поднесен на истиот датум, исто така од Јанушев портив градоначалникот на општина Гази Баба, против Општина Штип и градоначалникот на Штип и приговор против в.д. градоначалник на општина Ново Село.