• Latest

ДКСК потсети на обрските за време на изборниот процес

February 29, 2020
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Поповски: За трагедијата во Кочани и еколошките катастрофи прстот е вперен кон системот, а тоа добро го користи крајната десница и левица

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИл

Орданоски: Вистината во демократијата не е една, системот на образованието е клучно – уште една лага е „знаењето е сила знаењето е моќ“

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Корубин: Чуварот на демократијата е системот, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ

Касале: Без разлика од која политичка припадност доаѓаме, левица или централна десница, треба да негуваме љубов кон демократијата

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДКСК потсети на обрските за време на изборниот процес

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) му даде насоки на офицерот за интегритет во Генералниот секретаријат на Владата, кој веќе функционира согласно препораките на ГРЕКО, да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обрските што ги имаат за време на изборниот процес.

February 29, 2020 12:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) му даде насоки на офицерот за интегритет во Генералниот секретаријат на Владата, кој веќе функционира согласно препораките на ГРЕКО, да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обрските што ги имаат за време на изборниот процес.

-Имајќи ја во предвид превентивната улога на ДКСК, а во насока на обезбедување на фер и демократски изборен процес ги потсетуваме избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обврските кои произлегуваат од Изборниот законик и од Законот за спречување корупција и судир на интерес и двете упатства за начинот на постапување на министерствата, органите на државната управа и управните организации за време на одржувањето на изборниот процес, како и за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сосптвеност за време на избори, кои се донесени во 2017 година. Исто така, му препорачавме на офицерот за интегритет во Владата да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор да ги користат двете упатства и да ги објават транспарентно на нивната веб-страница, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска пред почетокот на денешната јавна седница на Комисијата.

Таа нагласи дека се почесто во изминатите денови се забележува промовирање и најавување на градежни и други активности кои, како што рече, не се забранети со Изборниот законик, но на одреден начин влијаат врз гласачкото тело.

-Со цел да се отстрани сомнежот за итегритетот на целиот изборен процес неопходно е да се обезбеди транспарентност во функционирањето на централната и локалната власт и затоа ги  повикувам сите оние што веќе имаат донесено програми и планови за кои имаат обезбедено буџетски средства транспарентно да си ги објават на своите веб-страници за да се обезбеди видливост на целиот процес, потенцира Ивановска.

ДКСК на денешната седница и препорача на Владата да ја преиспита одлуката за иманувањето на Башким Хасани за в.д. заменик-директор на Управата за финансиска полиција на местото на Берат Дехари на кого му истече вториот четиригодишен мандат на функцијата и да се спроведе процедруата како што е пропишано.

До комисијата, како што посочија, стигнала претставка за експресно именување в.д. директор на Управата за финансиска полиција по што биле побарани податоци од Владата.

По проверката на информациите ДКСК заклучи дека не била почитувана процедурата претходно да се објави  јавен оглас во најмалку три дневни весници, од кои еден на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто. Сметаат дека Владата имала доволно време да го објави огласот зашто знаела дека му истекува и вториот мандат на претходниот заменик-директор и оти институцијата можела непречено да функционира бидејќи имала директор и не било неопходно експресно да се назначува негов заменик. Комисијата заклучи дека не се почитувани пропишаните процедури со кои се обезбедува трансапрентен и фер избор на раководна позиција и побара да се преиспита ова одлука и да се спроведе процедруата како што е пропишано.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ