Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по повод најголемиот христијански празник Велигден упати порака дека „српскиот народ во Босна и Херцеговина нема да дозволи да му се одземе православната вера, љубов, слобода и Република Српска“, пренесуваат српски медиуми.
Најскапоцените работи што сакаат да ви ги одземат се најчувани и најбранети. Затоа нема да ја дадеме нашата православна вера, љубов, слобода и Република Српска“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека „ние, како и нашите предци, не го избравме времето и околностите во кои ќе живееме, туку избираме дали ќе бидеме луѓе“. Ние избираме дали ќе живееме во вера, хармонија, заедништво и љубов“, рече Додик.
Ни ми, као ни наши преци, нисмо бирали вријеме и околности у којима ћемо живјети. Али бирамо хоћемо ли бити људи.
Бирамо да ли ћемо живјети у вјери, слози, заједништву и љубави.
А љубав, како је говорио блаженопочивши патријарх Павле, је највећа врлина.
Све што човјек дијели с…— Милорад Додик (@MiloradDodik) April 20, 2025