„Убедени сме дека земјата се наоѓа во деликатна состојба и затоа побаравме да се прогласи вонредна состојба“, изјави Орхан Ибрахими, потпретседателот на ДПА по лидерската средба кај претседателот Пендаровски.
„Ние пред време излеговме од лидерската средба бидејќи присуствуваа 5 албански политички партии и две македонски. Тоа значи дека албанските партии се само декор, затоа што одлуките се донесени однапред од македонските партии“, рече Ибрахими.