„Тридневниот митинг на Вучиќ, кој беше вистинско фијаско, ги чинеше граѓаните на Србија најмалку 10 милиони евра. Дали сите трошоци се платени од буџетот или од „црните“ средства што се создадени со грабежи на наместени тендери, веројатно ќе дознаеме дури по падот на сегашниот режим“, велат од Движењето „Двери“, пренесуваат српски медиуми.
„Ако на митингот имало околу 50.000 луѓе, а просечната придобивка по човек изнесуваше 100 евра, доаѓаме до бројка од дури 5 милиони евра само за дневници. Кога ќе вклучиме бесплатна храна и пијалоци за присутните, огромна централна сцена, автобуси од сите делови на Србија и земјите од регионот, дневници за голем број полицајци и други трошоци, вртоглава цифра од најмалку 10 милиони евра, која е потрошена само за да се нахрани егото на Александар Вучиќ.
Од друга страна, во Србија огромен број болници, училишта, градинки и патна инфраструктура се во многу лоша состојба, многу семејства се на работ на егзистенција и наместо да се инвестираат пари за такви цели, се оди на контра митинг кој нема никаква смисла. „И покрај сите притисоци, уцени и дневници за доаѓање на саботниот митинг, Александар Вучиќ доживеа целосен дебакл, бидејќи собра околу 50.000 луѓе, а тоа е реален показател дека граѓаните на Србија повеќе не го сакаат на власт и дека преодната експертска влада е единствениот мирен излез од актуелната општествена и политичка криза“, велат од Двери.