• Latest
Фото: МИА архива

Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања

March 14, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања

March 14, 2025 11:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

На 20 март во Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава.

Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на денешниот брифинг со новинари, на подготвителната седница се поканети Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија и холандски врховен судија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што нашиот суд го побара од Венецијанската комисија и Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права со експертиза за малцинските права и употребата на малцинските јазици, кој ќе ја образложи праксата на ЕСЧП во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците.

Од домашните експерти на седницата ќе присуствуваат Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија на ЕСЧП, проф. д-р Рената Дескоска, професор по уставно право и член на Венецијанската комисија, проф. Борче Давитковски, проф. Јетон Шасивари, професор по уставно право на Универзитетот за Jугоисточна Европа, Гордана Лажетиќ, експерт по казнено процесно право, Мерсељ Билали, експерт по меѓународно право, Денис Прешова, експерт по уставно право; Мерсим Максути од Државниот универзитет во Тетово, Абдул Меџит Нуредин од Меѓународниот универзитет Визион од Гостивар, доц. д-р Азам Кор Бајрам од Визион Гостивар, Жаклина Доведен, претседател на Апелационен суд Битола, Иван Џолев, претседател на Кривичен суд Скопје, Бурим Сејдини, претседател на Управен суд.

Претседателот дополни дека на седницата ќе се зборува само за материјалното право, бидејќи формалниот дел на уставноста е веќе апсолвиран. Станува збор за Указот за Законот за јазици за кој е веќе одржана подготвителна седница во 2021 година.

Прашан околу политичкиот фокус за случувањата, Дарко Костадиновски изјави дека политичарите имаат примитивна политичка култура и злоупотребуваат за дневни политички теми.

-Не е мојата цел да ги разубедувам политичарите, нема да престанат, нивните манипулации ќе продолжат. Ако успееме ние како судот да ги убедиме граѓаните да не бидат манипулирани, тоа е успех, рече тој.

Информираше дека на седницата ќе се дискутира за шест спорни прашања кои јавноста ќе ги дознае на самата седница, а во врска со прашањето дали ќе присуствуваат уставните судии кои се припадници на малцинствата, рече дека нема информација дека нема да присуствуваат.

-Местото на судиите е во судиската сала, посочи претседателот.

Уставниот суд на седницата одржана на 11 декември 2024 година одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

Судијата известител Елизабета Дуковска тогаш предложи да се одржи подготвителна седница, што доби поддршка од повеќе судии, вклучувајќи ги Ана Павлова Данева, Татјана Васиќ Бојаџиева, Јадранка Дабовиќ и Дарко Костадиновски. Судијата Добрила Кацарска не се согласи со предлогот, сметајќи дека веќе има доволни подготовки.

Поддржувачите на одлуката ја истакнаа важноста на подготвителната седница за да се покажат дека владее правото и дека уставноста не се брани на улиците, туку во судот. Тие повикаа на трпение и доверба во институциите и нагласија дека одлуката ќе помогне во отфрлањето на наводите за политизација.

Подготвителната седница се свикува пред Уставниот суд да донесе одлука за поведување постапка. На седницата се повикуваат стручни органи, научни и стручни соработници. Со поканата се содржат наводите во иницијативите, правната состојба и спорните правни прашања што биле одредени од судот. Подготвителната седница почнува со краток осврт на судијата известител за фактичката и правната состојба и кои биле спорните прашања, при што сите учесници ги даваат своите правни мислења исклучиво за спорните прашања.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии и здруженија, оформен во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија. Уставниот суд може да ги отфрли иницијативите, да одлучи да поведе постапка за законот во целост или само за делови од него, да ја запре времено неговата примена додека да донесе конечна одлука, или да го прати на доработка во Парламентот.

Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, Васко Лазески, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски. По одржувањето на подготвителната седница, судијата известител има рок од шест месеци да подготви реферат за предметот, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ