• Latest

„Еурактив“: Париз и Берлин со различен став околу визната либерализација за Косово 

September 5, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

„Еурактив“: Париз и Берлин со различен став околу визната либерализација за Косово 

September 5, 2023 12:07
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter
И покрај најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз и Берлин би можеле да разгледаат одлагање на стапувањето во сила на безвизниот режим за Косово доколку Приштина не се насочи кон намалување на тензиите со Србија, Германија планира строго да се придржува кон планот за укинување на визите за косовските граѓани при патување во ЕУ од 1 јануари 2024 година, наведува „Еурактив“.

Ова, според порталот, по се изгледа значи дека Макрон не се консултирал со властите во Берлин, кога минатата недела го изнесе ставот на Париз како заедничка позиција на двете најголеми земји во ЕУ.

Франција и Германија досега имаа синхронизиран пристап кон Косово, излегувајќи со заеднички ставови и изјави и заедно работеа на најновите предлози за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, неформално наречени „француско-германски план“.

Макрон изјави дека чекаат „јасна посветеност“ од двете страни, вклучително и нови локални избори, враќање на Србите во институциите и општо смирување на ситуацијата, но отиде и чекор понатаму и постави ултиматум – дека Франција и Германија се посветени и направија чекори кон отворање на визната политика и други економски прашања, кои ќе бидат преразгледани доколку двете страни не водат одговорна политика, наведува „Еурактив“.

Но, од германското Министерство за надворешни работи, за порталот посочиле дека Германија ќе ги почитува прописите усвоени од ЕУ во април 2023 година, според кои, косовските државјаните во иднина ќе бидат ослободени од условот за поседување виза за краток престој во Шенген зоната.

Оваа одлука ќе стапи во сила на 1 јануари 2024 година. Тоа значи дека од тој датум сите држави од Западен Балкан ќе бидат подеднакво ослободени од условот за виза за краток престој во Шенген зоната, се наведува во одговорот на германското МНР.

Во меѓувреме, известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, побара визната либерализација да не биде поврзувана со дијалогот Белград-Приштина.

Граѓаните на Косово ја заслужуваат одамна задоцнетата визна либерализација. Сакаме да бидеме јасни – безвизниот режим не е и не треба да биде поврзан со дијалогот со Србија. ЕУ мора да го исполни ветувањето, дозволувајќи им на граѓаните на Косово слободно да патуваат од 1 јануари 2024 година, рече Фон Крамон.

На најавата на Макрон реагираше и косовската претседателка Вјоса Османи, која изјави дека доколку се одложи визната либерализација, дијалогот Белград-Приштина ќе биде уништен засекогаш.

Би рекла дека ова е начин да се уништи дијалогот еднаш засекогаш. Ако некој сака да го прекине дијалогот, тогаш нека преземе такви мерки, кои се казнени мерки против народот на Косово. Тие не се против ниту еден лидер, не се против политика, тие се против народот на Косово. А таквата невидена казна, која беше голема неправда за народот на Косово, ќе резултира со крај на дијалогот, рече Османи.

Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел минатата недела на прес-конференцијата по завршувањето на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на Унијата во шпанскиот град Толедо, најави дека на 14 септември ќе организира средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, што би требало да преставува продолжување на разговорите меѓу двете страни на високо ниво, кои неколку месеци беа во застој.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ