• Latest

Факти и перцепции за изборите

April 24, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Факти и перцепции за изборите

April 24, 2019 07:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Една мала рекапитулација и потсетување пред вториот круг од претседателските избори.

Слушам, многу мала била излезноста за избор на претседател, партиите биле казнети (од различни причини), граѓаните кажале што мислат, драстично е сменета сликата од локалните избори…

Мирјана Најчевска

Прво, претседателските избори никогаш не се атрактивни како парламентарните или локалните избори и секогаш има фактичка помала излезност (што не се гледа единствено кога се полнат кутиите). Функцијата претседател е фактички поапстрактна за граѓаните од аспект на нивните потреби и интереси, а во нашата држава веќе подолго време е потполно обезвреднета и обесмислена. Заради ова е многу проблематично постоењето цензус за избор на претседател.

Второ, процентот на излезност не може вистински да биде утврден бидејќи, фактички, не знаеме колку граѓани живеат во Република Северна Македонија. Непостоењето попис со кој барем приближно би се утврдила оваа бројка ги прави потполно бесмислени изјавите за излезноста. Процентите се валидни само доколку се дел од калкулации во кои се оперира со вистински бројки. Во случајот на Република Северна Македонија, едноставно, сѐ се сведува на нагаѓање. Еве моето нагаѓање е дека моментално во Република Северна Македонија нема повеќе од 1.500.000 жители.

Трето, луѓето кои гласаат свесно се ставаат во заблуда за што гласаат. Наместо да се бира личност која најмногу соодветствува за извршување на функцијата претседател, дефинирана во Уставот, се гласа за поголеми пензии, вработување, субвенции за земјоделците, здравство… (што дефинитивно нема врска ниту со кандидатите, ниту со функцијата претседател на државата). На ваков начин, не само што се води популистичка кампања која ги лаже луѓето, туку се подгреваат и очекувања Претседателот на државата да задоволи одредени потреби и интереси кои ни формално, ни фактички не може да ги задоволи.

Четврто, целокупната кампања поврзана со претседателските избори беше поврзана со политичките партии. Попартиска кампања на претседателски кандидати кои се нарекуваат непартијци до сега не сме имале. Тоа значи дека граѓаните излегуваа или не излегуваа да гласаат за  или против политичките  партии, нивните програми, нивните активности. Самите претседателски кандидати (освен смешната страна на купот гафови и глупости кои имавме можност да ги видиме и чуеме) беа, во голема мера, споредни и помалку важни.

Според мое мислење, доколку сакаме и понатаму да имаме систем во кој претседателот има значајна улога на коректив во државата и функција која значи, условно речено, мешање и во законодавната и во извршната и во судската власт, мора и изборниот процес да го прилагодиме на оваа функција. Во спротивно, функцијата претседател станува бесмислена и потполно излишна, односно, Претседателот станува само уште една марионета на владејачката партиска структура.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share124Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ