• Latest

Филипче: Можно е зголемување на бројот на заболени со морбили од 1 септември

August 25, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Можно е зголемување на бројот на заболени со морбили од 1 септември

August 25, 2019 13:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако бројот на новозаболени пациенти со морбили е драстичо намален во последниот период, сепак се плашам дека епидемијата може да се прошири од 1 септември кога децата ќе појдат на училиште и во градинка. Затоа внимателно ќе следиме што ќе се случува, вели за „Мета.мк“ министерот за здравство Венко Филипче.

„Деновиве ќе се сретнам со министерот за образование и наука Арбер Адеми, за да видиме какви мерки ќе преземеме во врска со оние деца кои се пријавени да појдат во прво одделение, а не се вакцинирани“ рече Филипче.

Во меѓувреме, во периодот пред почетокот на новата учебна година, Министерството за образование и наука прибира податоци за бројот на вакцинирани првачиња, чии документи се примени во основните училишта. Со одлука на Влада од мај месец, се примаат документите на сите деца кои ги исполнуваат условите да појдат на училиште, но се запишуваат само оние кои имаат потврда дека ги примиле задолжителните вакцини.

И д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, вели дека иако опфатот на вакцинација е голем, може дс се случи со почетокот на школската година да се разгори епидемијата.

„Ако едно дете заболи, лесно може да разболи и други лица. Кога има на едно место повеќе лица, полесна е трансмисијата, а тоа лесно се шири во градинка, училиште, на факултет. Затоа е потребна претпазливост“ вели Микиќ.

Здравствените власти потенцираа дека она што е најзагрижувачко се несигурноста, некомпетентноста и недоволната едукација на дел од здравствените работници за имунизација, што често резултира тие наместо да бидат промотори на превентивата, да бидат пропагатори на нестручни информации за имунизација. Ваквата состојба, според нив, ги доведе родителите во дилема и голем дел од нив потпаѓаа под влијанието на социјалните медиуми преплавени со неточни информации за имунизацијата.

„Квалитетот и безбедноста на вакцините се едни од најригорозно контролираните процеси во целата фармацевтска индустрија и да не заборавиме дека им се даваат на милиони деца на светско ниво, со децении наназад. Апел од стручните лица е родителите навреме да ги вакцинираат и со тоа да заштитат своите деца, бидејќи вакцината е единствената безбедна и ефикасна мерка за спречување на епидемијата и заштита на децата од можните сериозни компликации на малите сипаници – изјави пред неколку месеци за „Мета.мк“ Александра Грозданова, претседателката на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.


Извор МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ