• Latest
Фото: Фејсбук на Венко Филипче

Филипче од Брисел: Проширувањето на ЕУ се повеќе станува прашање од најважно геополитичко значење

April 8, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче од Брисел: Проширувањето на ЕУ се повеќе станува прашање од најважно геополитичко значење

April 8, 2025 10:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук на Венко Филипче

Фото: Фејсбук на Венко Филипче

Share on FacebookShare on Twitter

Потребна ни е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување, бидејќи тој не е само механичко прилагодување или административно спроведување на критериумите за членство, туку се повеќе и повеќе станува прашање од најважно политичко и геополитичко значење, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче во обраќањето на панелот „Практична поддршка на подготовките за пристапување во ЕУ“ во рамки на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) што се одржа во Брисел.

– Во овие трансформативни времиња, социјалдемократскиот одговор не само што е релевантен, туку тој е и итно неопходен врз основа на принципи и временски патокази за општествена и политичка адаптација, која ќе осигура дека никој нема да биде изоставен и ќе става приоритет на трансатлантската соработка, дигиталниот хуманизам, социјалната еднаквост и демократскиот интегритет, рече Филипче, додавајќи дека во контекст на динамичните геополитички поместувања, комплексен и суштински станува императивот за заштита на демократијата и безбедноста и за социјалдемократскиот пристап во трансатлантската соработка.

Ова, според него, не е никаде повеќе од витално значење отколку за регионот на Балканот и во нашата земја, која, како што рече, се наоѓа на крстопат меѓу европската интеграција и современите геополитички случувања.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Филипче нагласи дека е потребно Партијата на европските социјалисти и Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент да изработат сопствена социјалдемократска агенда за проширувањето, која ќе постави јасни црвени линии базирани на социјалдемократските стандарди за исполнување на критериумите за членство.

– Дополнително, ние како социјалдемократи мора да сфатиме дека ќор-сокакот во европската интеграција на секоја од земјите кандидати не е техничко или административно прашање. Ќор-сокакот само ги зајакнува авторитарните тенденции и ги засилува десничарските и екстремно десничарските политички сили и им наштетува на демократскиот развој на овие земји, потенцира Филипче.

Од таму, според него, сега е време социјалдемократите да се заложат за зајакнување на пристапниот процес, кој долго време е заложник на инертноста и недостигот на визија.

– Во политиката нема празен простор. Ако европските социјалдемократи не го пополнат постоечкиот вакуум, тогаш тоа ќе го направат антидемократските и антиевропските сили, потенцира Филипче.

Тој посочи дека за несреќа во претходниве години ресорот за проширување беше во рацете на комесар кој е „многу близок пријател“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, што го покренува прашањето дали тој ја имплементирал вистинската агенда. Филипче нагласи и дека во моментов во земјава има Влада што ги зајакнува врските со Орбан, кој изјави дека треба да се создаде „некаква оска на Унгарија, Србија и Северна Македонија“.

– Прашањето е дали постои некаква скриена агенда? Дали нешто се случува позади завесите? Затоа социјалдемократите мора да инсистираат на демократските стандарди и на почитување на европските вредности и на концептот за човековите права и слободи, како најважен предуслов за земјите кандидати за пристапување во ЕУ. Членство во ЕУ не треба да се претставува само како пристап до единствениот пазар, затоа што таквиот пристап ги зајакнува авторитарните тенденции во многу земји кандидати и автократите го користат како изговор за отстапување од демократските норми и стандарди, додаде Филипче.

Според него, нашата држава е пример за недостиг на стратегија и напредок на европската интеграција поради билатерализација на пристапниот процес преку барањата поставени од страна на Бугарија, што придонесува за радикализација на политичката ситуација во земјава, за значително зајакнување на националистичките политички сили и за зголемување на евроскептицизмот меѓу населението.

– Ваквиот развој на настаните не само што му наштетува на процесот на евроинтеграција во мојата земја, туку исто така ја отвора вратата за малигно влијание на трети актери надвор од регионот, како Русија. Северна Македонија сега се соочува со бизарна ситуација со т.н. самонаметнато вето, затоа што новата Влада одбива да ги спроведе уставните измени за да продолжи пристапниот процес, рече Филипче.

Во одговор на прашање на европратеникот Тонино Пицула за оценка на раздвојувањето на земјава и Албанија по европскиот пат, Филипче рече дека е тешко да се искаже чувството кога се случи тоа раздвојувањето, поради кое ни беше многу жал и многу тешко, но дека тоа што го направи Тирана е пример како една Влада и земја треба да работат во интерес на својот народ.

– Сепак, мислам дека не треба да дозволиме тоа доцнење да се зголемува, бидејќи ако многу доцниме ќе биде потешко да ги стигнеме. Вистинското прашање е која е причината поради која актуелната Влада на Северна Македонија не прави напредок на европскиот пат. Се сомневаме дека има големо влијание на Унгарија и унгарската Влада, рече Филипче.

Според него, важно прашање е и каква ќе биде улогата на коалицијата на партиите на Албанците што е дел од актуелната Влада, која при нејзиното формирање, како што рече, ветуваше дека уставните измени ќе се случат за период од шест месеци.

– Тие се важен фактор, без кој Владата не би имала мнозинство и треба да ја притискаат националистичката и десничарска ВМРО-ДПМНЕ да ги спроведе уставните измени и да ги отвори преговорите по поглавја, додаде Филипче.

Во одговор на истото прашање на Пицула, албанскиот државен министер Таулант Бала, кој исто така беше меѓу учесниците на панелот, истакна дека Албанија би сакала сите земји кандидати да ги започнат преговорите за членство по кластери, вклучително и Северна Македонија, но дека мора да се почитуваат меѓународните договори.

– И актуелната Влада и актуелното мнозинство во Северна Македонија мора да ги почитува. Тие се среќни затоа што имаат опозиција што ќе гласа „за“. Кога имате опозиција што ќе гласа „за“ е многу лесно. Затоа тие мора да испорачаат, додаде Бала.

На истиот панел, на кој модератор беше европратеникот и известувач на ЕП за Албанија, Андреас Шидер, учествуваа и косовскиот премиер Албин Курти и молдавската вицепремиерка за европска интеграција Кристина Герасимов.

Покрај овој, на Конференцијата се одржа и втор панел, насловен „Прогресивна агенда за проширувањето на ЕУ“, чиј модератор беше Пицула, а на кој учествуваа поранешниот грузиски премиер и лидер на партијата „За Грузија“, Гиорги Гахарија и првите луѓе на српската Партија за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, на српската Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ и на црногорската Социјалдемократска партија (СДП), Иван Вујовиќ.

Извор: МИА

Фото: Фејсбук на Венко Филипче

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ