Финските власти соопштија дека „значително ќе го ограничат влезот на руски државјани“, на границата со Русија, откако бројот на премини од руска страна кон Финска нагло се зголеми по наредбата на Владимир Путин за делумна воена мобилизација.
Наведувајќи ја „сериозната штета на меѓународната положба на Финска“, Комитетот на министри за надворешна и безбедносна политика, исто така, заклучи дека новите визи ќе бидат ограничени, се вели во соопштението на финската влада, пренесува Радио Слободна Европа.
Бројот на Руси кои влегуваат во Финска е двојно зголемен, откако Москва најави мобилизација за војната во Украина, изјави портпаролот на граничната агенција за новинската агенција „АФП“.