„Ова беше најбруталната казнена акција против цивилите во цела Европа окупирана од нацистите. Масакрот во Корјукивка. Во март 1943 година, нацистичките трупи убија околу 7.000 цивили во украинскиот град Корјукивка, Черниговска област – повеќе отколку во Лидице, Орадур-сур-Глан и Хатин заедно. И покрај нејзините размери, оваа трагедија останува во голема мера непозната за светот,“ пишува Украинската амбасада во Северна Македонија на Фејсбук.
Материјалот што го објави Украинската амбасада е врз основа на информации од Украинскот Институт за национално сеќавање.