• Latest

Глобален економски перформанс и локален рeлигиски фундаментализам

May 9, 2020
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Глобален економски перформанс и локален рeлигиски фундаментализам

May 9, 2020 09:27
in АНАЛИЗИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КЛИМЕНТИНА ЃОРЃИОСКА

„Седи дома, спаси живот“ – од појавата на корона пандемијата, овој краток слоган и со јасна порака, стана императив на живеење кај најголем дел од светската популација. Исклучок се есенцијалните работници кои не можат да ја стават на пауза својата работа, во текот на овие критични денови. Пандемијата предизвика сериозни консеквенци кои што ќе имаат долготрајно влијание врз општествените текови, економскиот перформанс, политичките состојби и животот речиси на секој поединец. Останувањето во домот, социјализацијата само во рамки на потесното семејство, полицискиот  час, контролираното движење на граѓаните преку смс-порака или друга апликација и останите рестрикции имаа цел да го редуцираат бројот на инфицирани. Да ја минимизираат oпасноста од моќта на вирусот, зашто кога нема потенцијален реципиент, вирусот ќе исчезне со лекувањето на заразениот пациент.

Креаторите на кризни политики беа исправени пред задачата, брзо и ефикасно да делуваат. Да ги следат потребите и процесите на интерното и екстерното опкружување. Владејачките структури во секоја земја, секоја на свој начин, одговори на предизвикот. Едни реагираа брзо и успешно (Германија, Данска, Виетнам), други иницијално ја игнорираа опасноста, несвесно и несовесно (Италија, САД). За трети – кризата  беше можност за неограничени овластувања, за елиминирање и на последните демократски практики во својата држава (Унгарија, Бразил, Филипини итн.).

Одлуката граѓаните да останат дома беше и е од суштинска важност. Во спротивно последиците се: загрозување на колективното здравје, брзо ширење на вирусот, колапс на здравствениот, а потоа и на другите системи, а пред се, загуба на човечки животи, масовно.

Стагнација на економскиот перформанс на глобално ниво

Одлуката „остани дома“ има мултидимензионален ефект врз глобалната економија. Драматично се смени регуларниот тек на живеење. Парализирано е слободното движење како бенефит на  глобализацијата. Државните институции работат со ограничени ресурси, образовните институции ги продолжија активностите онлајн. Бизнис-секторот е редуциран. Се работи со скратено работно време, и намален број на клиенти. Занаетите се во lockdown. Забавата и социјализацијата е оставена за идни времиња. Угостителските објекти се со катанец на вратите. Ова не е случај со компаниите – производители на храна, лекови, средства за хигиена, на она без што не се може. Потрошувачите имаат рестриктивна листа на потреби, детерминирана од стравот за иднината.  Економскиот перформанс бележи стагнација. Економските експерти прогнозираат рецесија од размери како оние на “Големата депресија“.

TheVisualCapitalist го анализира однесувањето на потрошувачи во САД, Јужна Африка, Бразил, како и во таргетирани земји во Европа и Азија. Компаративната анализа покажува дека оптимистички став и волја за зголемена потрошувачка имаат граѓаните во Индија (60%), тренд што се следи во Кина, Индонезија и Нигерија. Јапонија, Јужна Кореа, Италија, Шведска, Франција, Шпанија и Велика Британија се позиционираат на другата страна на оската. Тие се домаќинства што ги редуцираат трошоците. Оптимизмот кај нив се движи од 4 %  во Јапонија до 15%  во Шпанија. Жителите на САД исто така ги редуцираат давачките. Тие имаат значително поголем оптимизам од 37 %  или за  20% се поголеми оптимисти од Австралијците.

Најактивни потрошувачи се Кинезите. Тие освен за храна, трошат и на убавина. Потрошувачката на производи за лична нега и естетска козметика бележи раст од 0-15 отсто. Наспроти нив Бразилците, Русите, Британците и Шпанците се рестриктивни кон овие производи и до минусни  50 отсто. Франција е единствената земја што бележи пад на потрошувачката во сите категории. Ова говори дека Французите не се оптимисти.

Економскиот перформанс бележи најголем пад во туризмот и транспортот. Прогнозите велат дека   буџетот на САД ќе биде попразен за 83 милијарди долари од туризам. Само во Кина се троши повеќе за бензин, до 15 отсо. Јужно Корејците трошат повеќе пари на забава во домот (+50%). Освен филмови и видео игри, потрошувачката на книги е покачена до 15 отсто, како и во Индија. Во сите други земји потрошувачката на книги опаѓа.

Спортски обувки, облека, накит и аксесорис несомнено се сметаат за добра коишто воошто не се неопходни и итни во време на пандемија. Па, речиси во сите држави е евидентен пад од  50 отсто во овие дејности, освен во Кина каде трошоците се намалиле до минусни 15 отсто или позитивна нула.

Инфографикот ги илустрира движењата во националните економии, кои се соочуваат со големи предизвици: губење на пазарите, намален профит, пораст на невработеноста, намалени плати, работа од дома или принуден одмор …

Оттука, актуелно е прашањето: „Кога е време работниците да се вратат на своите работни места, а економијата да се стави во погон?

„Седи дома“ или економски рестарт?

Во ваква глобална економска констелација актуелна е дилемата:„Седи дома, спаси живот!“ или  „Благи мерки и спас на економијата!“ Математиката меѓу овие две равенки е покомплексна од она што изгледа.

Велика Британија, Франција, Германија подготвуваат планови за  ублажување на пандемиските мерки и зголемена економска активност. А, во Русија (денеска) нови околу 10.7 илјади инфицирани со корона вирус. Русија е петта најпогодена земја во пандемијата со приближно 188 илјади заболени. Официјална Москва најави целосното затворање на метрополата до крајот на месецов. Граѓаните ќе се движат надвор, само со заштитни маски и ракавици.

Од кабинетот на британскиот премиер, Борис Џонсон, како што пренесува Telegraph останува на сила водечкиот принцип „секој да работи од дома, освен доколку не може“, но доаѓаат и препораки за ублажување на мерките. Планот вклучува инструкции за работа во јавни објекти со воведување на плексиглас на секое биро – соодветно позиционирано. Социјалната дистанца од 2 метра е задолжителна . Хигиена на работното место. Редуциран број на луѓе во една просторија, инструкции за паркинг простори за возила и велосипеди, намалено користење на јавниот превоз. За угостителските објекти дозвола да испорачуваат напитоци и храна.

По два месеца целосно затворање, од средината на мај, Франција планира регионално ублажување на мерките. Париз и североистокот од државата се уште се жаришта на вирусот. Премиерот, Филип Едуар покажа мапа, која ја дели земјата на две зони, црвена – област со висока инфекција и зелена- со помал број заболени. Сите француски средните училишта ќе останат затворени, како и парковите и јавните градини. Основните училишта од понеделник (11 мај) ќе бидат отворени. Идната недела ќе почнат со работа и повеќе бизниси, но кафетериите и рестораните и натаму ќе бидат затворени.

Германската канцеларка Ангела Меркел го најави планот за рестартирање на јавниот живот, по континуираниот пад на нови случаи со „Ковид-19“. Во Германија ќе се практитува социјална дистанца од 1,5 метар, ќе се носат заштитни маски особено во јавен превоз и трговија. Според Меркел, заврши првата фаза на пандемијата, но од суштинска важност е лимитирањето на контактите до почетокот на јуни, зашто пандемијата ќе бележи долг пат.

Од американскиот левичарски весник  Jacobin, доаѓаат песимистички ставови во однос на најавите за рестарт на економијата. Според аналитичарите ова е лошо сценарио кое го загрозува животот на илјадници Американци. Весникот предупредува дека без претходно тестирање на работниците и при работа без заштитна опрема, се доведува во опасност живот на овие луѓе, бидејќи најголем дел од нив се во ризична возраст со веќе изразени здравствени проблеми.

Пандемијата според податоците на Светската здравствена организација до (денеска) одзеде 259 474 човечки животи. Доведе до драстичен пад на економијата. Лидерите на земјите се приклучуваат на тенденцијата за ублажување на мерките и постепено отворање на институциите и бизнисите. Нивното функционирање ќе се регулира со посебни прирачници изготвени од експерти, со цел работниците и колективното здравје да  бидат заштитени. Ова се императиви на секоја држава.

Македонија најави умерени рестрикции

Буџетската дупка во првите четири месеци од годинава во Македонија достигна до 50 милиони евра. Со цел што побезболно справување со пандемијата, државата досега се задолжи за скоро 500 милиони евра. Буџетската дупка според оптимистичкото сценарио на власта ќе биде 700 милиони евра, а според песимистичкото ќе достигне до 1,3 милијарди евра. По двомесечниот прекин на работа на најголем број фирми, занаетчиски дуќани, државни институции и установи, а по регистрираниот пад на трендот на новозаболени (вкупно 1586), Владата најави ублажување на мерките. Постепено ќе почнат со работа одредени државни институции и приватни бизниси, фирми што ќе воведат шалтерски систем, центрите коишто организираат едукации, курсеви, автошколите … Според техничкиот премиер, Оливер Спасовски се работи на нови протоколи за отворање на градинките. Во секој случај одлуката ке ја донесе Централниот кризен штаб.

Религиски фундаментализам во време на пандемија

И во време кога со применети мерки за социјална дистанца како секаде во Европа и во нашата земја се одбележува Денот на победата над фашизмот, граѓани на Струга масовно излегоа на улиците одржувајќи традиционална литија во чест на светецот „Свети Георгиј Победоносец“. Без практицирање безбедна дистанца и најголем дел без да носат заштитни маски. Оваа постапка на група стружани предизвика револт кај други граѓаните на Македонија, кои ги почитуваат мерките. Револт кај здравствените работници кои секојдневно се изложени на ризик во одбрана на здравјето на болните од „Ковид-19“.

Владата најостро го осуди овој религиозен настан, што значи свесно кршење на забраните за јавни собири. Според Владата, организаторите донеле крајно неодговорни одлуки кои се закана и ги доведуваат во прашање сите досегашни ефекти и резултати од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот.

Разочарувачки се религиските постапки на групата македонски граѓани, кои го загрозуваат животот на своите сограѓани. Уште поразочарувачки е фактот што особено на социјалните мрежи се појавуваат групи „за“ и „против“ овие религиски собири. По православната литија, ИВЗ се огласи со најави дека ќе ги отвори вратите на џамиите. Во време на корона пандемија, фокусот и третманот на ваквите теми, одливот на енергија и ресурси за вакви случувања кои во развиени демократии се апсолвирани, говори за присуството на (за среќа) парцијална дефицитарна свест во општеството.

Ако порано беше тешко да се врати довербата во државните институции, за излез од пандемијата клучна е довербата во постапките на сограѓанинот. Да не ја изневериме! Да не дозволиме фатални последици врз колективното здравје!

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ