• Latest

Градоначалничката Арсовска не ги исчисти дивите депонии низ Скопје ни по 82 дена, рокот што го ветуваше во предизборната кампања

January 27, 2022
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Градоначалничката Арсовска не ги исчисти дивите депонии низ Скопје ни по 82 дена, рокот што го ветуваше во предизборната кампања

January 27, 2022 13:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првите 82 дена од раководењето со Градот Скопје на градоначалничката Данела Арсовска изминуваат во петок на 28 јануари, што беше и повод за Мета.мк да го провери на терен исполнувањето на едно од најзначајните ветувања што ги даде во текот на предизборната кампања за последните локални избори – чистењето на сите диви депонии во Скопје.

Ставањето крај со дивите депонии во Скопје градоначалничката Арсовска во неколку наврати го потенцираше во предизборната кампања за локалните избори, па така на 10 октомври лани Арсовска изјави:

„Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, стои во објавата на социјалните мрежи што ја пренесоа повеќе македонски медиуми.

Навистина, Градот Скопје периодов вложи напор, но и испрати неколку соопштенија до медиумите во повеќе наврати за чистењето на неколку локации низ главниот град. Последна од дивите депонии што беше исчистена од градските власти е кејот на реката Вардар кај железничкиот мост, меѓу населбите Горно Лисиче и Трубарево. На оваа локација беа собрани 4.000 кубни метри отпад и градежен шут на површина од 13.000 метри квадратни.

„Во Скопје досега се исчистени повеќе од 120 мапирани диви депонии. Тие се мапирани и исчистени и се преземаат активности за да се спречи понатамошно креирање на депонии на овие места. Има засилен инспекциски надзор и се разбира големи казни за тие што не го почитуваат законот“, се наведува во одговорот што Градот Скопје пред десетина дена го достави до Мета.мк на нашето прашање за чистењето на дивите депонии во главниот град.

Во меѓувреме, чистењето на дивите депонии продолжува на неколку локации низ скопските општини, но екипата на Мета.мк се одлучи на 25 јануари да направи обиколка на дел од критичните локации низ Скопје и да провери дали истите се исчистени од страна на градските власти.

Првата локација што ја посетивме беше кејот на реката Вардар во населбите Карпош 3 и 4. Пронајдовме барем неколку локации на коишто се исфрла првенствено градежен шут, којшто не е исчистен. Првата локација со градежен шут се наоѓа веднаш спроти градилиштето на новиот мост, што треба да се изгради како продолжение на улицата Љубљанска. Воедно, на уште една помала депонија наидовме крај булеварот Илинден меѓу бараките и новоизградените згради што гледаат кон реката Вардар, но и на местото на кое треба да се изведе долговетуваниот парк за жителите од општина Карпош.

Неколку диви депонии од помал обем забележавме во Карпош 4 крај кејот; Фото: Мета.мк

Всушност, локацијата на паркот што треба да се изгради на потегот од објектот на ЈП „Водовод и канализација“ до спортските игралишта, долж кејот на Вардар, е претворен во неколку помали диви депонии. На терен може јасно да се забележи дека локацијата е повеќе пати чистена од отпад, но несовесни лица очигледно продолжуваат да трупаат ѓубре на ова место во Карпош.

Нашата прошетка ја продолживме кон населбата Визбегово, по патот којшто води од Визбегово кон Шуто Оризари. Целокупниот простор што се наоѓа на тромеѓето меѓу општините Бутел и Шуто Оризари под надлежност на Градот Скопје и општина Чучер Сандево, која што потпаѓа под Скопскиот плански регион. Ваквата поставеност на локацијата е „идеална“ за расфрлање на огромни количества отпад, бидејќи со години наназад општинските власти си ја префрлаа одговорноста за тоа кој треба да го исчисти теренот.

 

Расфрланиот отпад кај Визбегово; Фото: Мета.мк

Целиот пат, штом се излезе од Визбегово кон Шуто Оризари, од левата и десната страна е преплавен со најразлично ѓубре во огромни количества – градежен шут, остатоци од мебел, комунален отпад и огромни вреќи со неидентификувана содржина.

Расфрланиот отпад кај Визбегово; Фото: Мета.мк
Вдолж патот, наидовме на локација каде што се исфрла отпад, на која граѓанин од Визбегово собираше стари пластични шишиња за да ги однесе на продажба како селектиран отпад.

Расфрланиот отпад кај Визбегово; Фото: Мета.мк
Граѓанинот, којшто сакаше да остане анонимен, ни рече дека расфрланиот отпад се носи од Шуто Оризари и се исфрла на локацијата. Екипата на Мета.мк помина и низ оваа скопска населба, при што навистина забележавме дека контејнери поставени од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ нема, иако оваа скопска општина е дел од Градот Скопје.

Расфрланиот отпад кај Визбегово; Фото: Мета.мк
 Инаку, расфрланиот отпад кај Визбегово се чистеше во неколку наврати и во минатото со државни средства додека градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, но од состојбата на терен, очигледно е дека во моментов не е пронајдено систематско решение за проблемот со управување на отпадот во Шуто Оризари.

Екипата на Мета.мк го продолжи снимањето на теренот од населбата Бутел кон Смилковското езеро, коешто исто така е локација што потпаѓа под територијата на Градот Скопје. Патниот правец што оди паралелно со скопската обиколница меѓу Бутел и Смилковско езеро е претворен во една огромна дива депонија со најразличен отпад.

Расфрланиот отпад на патот од Бутел кон Смилковско езеро; Фото: Мета.мк
На терен не може да се забележи никаква интервенција на властите за отстранување на отпадот, а од големите количества на расфрлано ѓубре отежнато е и движењето на возилата на овој патен правец. На терен забележавме расфрлан отпад сè до Смилковското езеро.

Расфрланиот отпад на патот од Бутел кон Смилковско езеро; Фото: Мета.мк
Од нашиот увид на терен, забележавме дека градските власти ќе треба да поработат на поставување контејнери за комунален отпад и во населбата Топаана во општина Чаир. На оваа локација граѓаните фрлаат отпад на самата главна улица во населбата и не можат да се забележат контејнери на ЈП „Комунална хигиена“. Оттука, скопските градски власти ќе мора да го решат проблемот со собирањето на отпадот за овие жители од Топаана.

Нашата обиколка низ Скопје ја продолживме на сообраќајниот полигон под Амбасадата на САД во општина Центар. Градските власти на улицата Лазар Личеновски засадиле нови дрвја за да се спречи фрлањето отпад од несовесните лица, но состојбата на терен покажува дека ридот под американската амбасада продолжува да биде „украсен“ со расфрлано ѓубре. Гледано од левата страна на реката Вардар од кај фудбалскиот стадион, ѓубрето што може да се забележи на ридот под амбасадата го прави Скопје да наликува повеќе на африкански отколку на европски главен град.

Дополнително, на сообраќајниот полигон кај Скопското кале наидовме и на расфрлан најразличен отпад, но во помали количества. Тука сретнавме и еден куфер којшто го изгубил својот сопственик, запалена фотелја, искршен чадор и цели троседи во кои можат да „уживаат3 граѓаните што учат да возат.

Од обиколката што ја направивме на 25 јануари 2022 година низ Скопје, може да се заклучи дека дивите депонии не се целосно исчистени. Огромна работа ја чека скопската градоначалничка особено на локациите меѓу Визбегово и Шуто Оризари, како и на потегот од Бутел кон Смилковско езеро. За поздравување се веќе исчистените диви депонии низ скопските општини, но Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ мора да вложат многу поголем напор во иднина за чистење и на другите локации.

Мета.мк со години наназад пишува за проблемот со дивите депонии низ Скопје и активно ја следиме оваа проблематика, особено поради фактот што ваквите нелегални ѓубришта се палат и го загадуваат воздухот коишто го дишат граѓаните. Во периферните скопски населби, ЈП „Комунална хигиена“ ќе мора да постави многу повеќе контејнери за фрлање отпад, но и редовно да го собира ѓубрето со истата зачестеност, со која што го прави тоа во урбанизираните делови од градот во Карпош, Центар и Аеродром.

Воедно, скопските градски власти на критичните локации коишто се чистат, а на кои потоа продолжува да се фрла ѓубре, ќе мора да изнајдат начин за да постават видео надзор којшто ќе ги снима несовесните граѓани што ја загадуваат животната средина. Покрај камерите за снимање на теренот, на локациите на кои се фрла отпад мора да се постават пречки – бетонски бариери, столпчиња и други барикади со коишто ќе се спречи пристапот со возила до локациите каде што се фрла отпад. Доколку Градот Скопје сака, ова може да го направи на неколкуте локации меѓу Визбегово и Шуто Оризари, но и на исчистената локација кај Железничкиот мост меѓу Лисиче и Трубарево.

Конечно, Градот Скопје ќе мора да ја доекипира нивната инспекциска служба со дополнителен број на инспектори, дронови и друга соодветна опрема, со коишто ќе можат деноноќно да вршат контрола врз критичните локации претворени во диви депонии. Од обиколката на терен, очигледно е дека казнувањето и постојаното присуство на терен е уште една мерка што би можела да го спречи натамошното создавање на диви депонии во Скопје.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ