• Latest

Грчката амбасадорка Софија Филипиду ја напушти собраниската сала за време на изјавата на Силјановска Давкова

May 12, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчката амбасадорка Софија Филипиду ја напушти собраниската сала за време на изјавата на Силјановска Давкова

May 12, 2024 14:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во македонското Собрание, Гордана Силјановска Давкова денеска  беше инаугурирана за претседателка на државата.

За време на свечената изјава во Собранието, претседателката Силјановска Давкова не го користеше уставното име на државата и на местото Република Северна Македонија, претседателката изговараше – Македонија.

Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала. Заминувањето е во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија, пишува „360 степени“.

Оттаму пренесуваат дека веста прв ја објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„По инструкции од Министерството за надворешни работи на Грција, амбасадорката Софија Филипиду ја напушти салата“, велат од грчката амбасада за „360 степени“.

Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Силјановска -Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Алфа“ рече дека иако тој лично претходно не се согласувал со Преспанскиот договор, особено со деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, сепак го прифатил во рамки на континуитетот на државата. Затоа тој се надева дека и новото раководство на нашата земја ќе се држи до одредбите на овој меѓународен договор.

„Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми“, рече Мицотакис.

Тој кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги следел со загриженост, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result