• Latest

Хајредини: Силјановска-Давкова погреши што нѐ прозва. Таа е националистка!

April 26, 2019
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хајредини: Силјановска-Давкова погреши што нѐ прозва. Таа е националистка!

April 26, 2019 17:22
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веднаш по своевидната прозивка на „колегите Албанци“ на претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова, решивме да ги провериме нејзините искази за времето кога беше министерка во владата на СДСМ (1992-1994 година) и разговаравме со Џевдет Хајредини, министер за финансии во истиот период, во истиот владин состав, кога премиер беше Бранко Црвенковски.

ЦИВИЛ МЕДИА: Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова јавно ги прозва своите колеги Албанци од времето кога таа беше министерка во Владата на СДСМ да посведочат за тоа каков човек и министер била таа. Вие истовремено бевте министер во таа Влада, па можете ли да ни кажете кои се вашите согледувања за тоа каков човек и министер била Гордана Силјановска Давкова во тоа време?

ХАЈРЕДИНИ: Мене ме изненади што таа воопшто се повикува на тоа нејзините колеги Албанци да кажат каква била таа како министер. Таа била министер во коалиција на таа Влада од редовите на Либералната партија, како што бевме и ние на ПДП, потоа оние на СДСМ и така натаму… Затоа, сметам дека е необично воопшто да се повикува на тоа.

Кажав, пред десеттина дена, дека не е морално некој да биде кандидат на партија која целокупниот период, од 90-тите до сега, го означува како погубен, криминален и предавнички. Да бидеш министер на таа Влада и потоа да се кандидираш и да те поддржи таква партија ми се чини како крајно несфатливо.

Понатаму, тоа време беше многу сложено. Прв пат беше формирана партиска коалициона Влада, затоа што најголем притисок за тоа да не се коалицира и соработува со албанските субјекти вршеше токму партијата ВМРО ДПМНЕ. Партија која благодарение на таа жестока антиалбанска политика се афирмираше и, за жал, долго време се одржуваше, па и ден денеска ја имаме на политичката сцена на Македонија.

Ѝ доликува ли на личност која во тоа време била министер, сега да биде поддржана од таква една партија? Овој чин зборува сам за себе.

Познавајќи ја одблиску, сметам дека, доколку се случи да победи на изборите, во иднина понезадоволна ќе биде самата ВМРО-ДПМНЕ, затоа што таа нема капацитет, како претседател на државата, да ги исполни нивните очекувања.

Во тоа време имавме проблеми на релација сите македонски партии и ПДП, затоа што се вршеше огромен отпор за многу битни барања за Албанците, во поглед на образованието, јазикот и така натаму. Јас тогаш не видов и не можам да сведочам дека Гордана Силјановска Давкова нешто се разликувала од тој отпор.

ЦИВИЛ МЕДИА: Сакате да кажете дека била дел од тој отпор?

ХАЈРЕДИНИ: Апсолутно! А и не можела да не биде. И тогаш како и сега, таа се повикуваше на Уставот. Бидејќи таа беше министер без ресор, беше ангажирана во доменот на политичкиот систем. Таа сите барања на Албанците, како што и сега всушност прави во последниве 10 години, ги квалификуваше како неуставни. Таа беше жестоко против Охридскиот договор, против терминот заедници, да не зборуваме за јазикот и така натаму. Тогаш стана збор за високото образование на албански јазик и таа, нам, на министрите на ПДП, ни велеше дека тоа е противуставно.

На една дебата, после Охридскиот договор, каде учествувавме двајцата, таа, зборувајќи за 2001 година, рече дека договорот е неуставен. Сакајќи да ја потсетам и реплицирав „Да госпоѓо! Лесно ти беше тебе, кога бевме во Влада, да нѐ убедиш дека е неуставно да се учи на албански јазик“. И тогаш, во тој Устав, навистина пишуваше така. И тогаш ѝ реков: „Тие што во 2001 отидоа на планина, не читаат Устав“. Со ова сакам да ги поврзам и нејзините сегашни повикувања на Уставот. Државите на Западен Балкан, а Македонија особено, се наоѓаат во ваква состојба, не затоа што некој не знае да напише добар Устав, туку затоа што кај политичките елити не постои политичка волја да работат во интерес на државата и народот, туку работат за своите лични интереси.

ЦИВИЛ МЕДИА: Постои ли политичка волја кај Силјановска да работи во интерес на Албанците во Македонија?

ХАЈРЕДИНИ: Нејзините изјави се јасни. Не се мерат меѓуетничките релации со тоа кој какви лични односи има, туку кој како се однесува кога се носат одлуки за сите. Ние не можеме секој ден да се тепаме со тие коишто не се согласуваат со нас, за да докажеме нешто. Ако сме биле во таа Влада сме морале да соработуваме. Така е и сега, така било секогаш. Меѓутоа, таа е премногу експонирана за сега да се повикува на тоа дека е одмерена. Затоа ме изненади фактот што нѐ прозва нас. Што да докажеме? Ова е доказ!

ЦИВИЛ МЕДИА: Сакате да кажете дека и тогаш била националистка?

ХАЈРЕДИНИ: Апсолутно! Фактот што таа сега на овие години, после толку време, од нејзиниот ангажман во Владата како министер, па сѐ до сега, таа воопшто не мислела како што зборувала.

ЦИВИЛ МЕДИА: Од каде е тогаш храброста на Силјановска да се повикува на вас?

ХАЈРЕДИНИ: Грешка ѝ беше голема. Таа воопшто не смееше да нѐ прозива нас. Таа ме познава мене многу добро. Вака зборувам со неа одамна.

Маја Ивановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share309Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ