Денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје од 17.30 часот на видеобим во живо ќе се пренесува светскиот онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #SAVEUKRAINE (Спас за Украина).
На концертот ќе настапат украински и светски музички ѕвезди како Јамала, Руслана, Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, „Ју-Ту“, Мадона, Елтон Џон и многу други.
Русија изврши воена агресија врз Украина на 24 февруари, и во војната досега досега над 10 милиони жители се раселени, од кои над 3 милиони избегаа во странство, разурнати се градови и има илјадници цивилни жртви во руските бомбардирања на цивилни цели како станбени блокови, болници, породилишта, школи и градинки.
ЦИВИЛ ги поддржува напорите за ставање крај на воената агресија врз Украина во која страдаат огромен број цивили, меѓу кои и жени и деца. Затоа, ги повикува сите активисти и хумани луѓе да и се приклучат на акцијата и да дојдете на настанот #SaveUkraine, телемаратон за поддршка на Украина.