• Latest

Џихадисти планирале напади врз цркви и КФОР во Косово

October 10, 2018

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џихадисти планирале напади врз цркви и КФОР во Косово

October 10, 2018 12:11
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Група од шест Косовци поврзана со џихадиситчката група Исламска држава (ИД) планирала террористички напади во Косово, Франција и Белгија, соопшти косовското Специјално обвинителство по шестмесечна истрага.

Како што  јави дописникот на МИА од Приштина, според обвинението, поднесено минатата недела, групата планирала да го дестабилизира Косово со терористички напади врз косовските Срби, а за таа цел биле одбрани дискотека во Грачаница и православни цркви во северна Митровица и во неколку други косовски градови. Исто така, се планирал и самоубиствен напад врз припадници на меѓународните сили во Косово – КФОР.

Во обвинението, чии делови објави порталот „Калѕо“, се опишани плановите за терористичките напади, начинот на избор на местата и времето кога ќе се нападне, последиците кои требало да се предизвикаат, како и начинот на финансирање на овие терористички активности.

Еден од обвинетите, Бујар Бехрами, во изјавата дадена во полиција на 12 минатиот месец, ги признал делата за кои се сомничи и открил податоци за тоа како биле планирани терористичките активности, како биле финансирани, како се регрутирале лицата кои требало да ги изведат нападите и какво оружје, експлозиви и други средства било планирано да се користат.

Меѓу другото, Бехрами открива дека финансиите од ИД ги обезбедувал шефот на разузнавањето на терористичкате организација Абу Ахмед, а доаѓале од поранешните советски републики Казахстан, Русија и Узбекистан. Тој лично примил 9.000 евра од едно лице од Германија, идентификувано со иницијалите М.М.

Според него, првично бил планиран напад врз израелските фудбалери и навивачи во Албанија во ноември 2016 година и тоа прво со дрон со експлозив, а потоа и со автоматско оружје. Откако овој план бил спречен од албанската полиција, за што во мај годинава косовски суд осуди девет лица, заедно со командантите на ИД со потекло од Косово, Љавдрим Мухаџери и Ридван Аќифи, започнале да се планираат напади во Косово. Комуникацијата со Мухаџери и Аќифи, според Бехрами, продолжила се до нивното загинување во Сирија во 2017 година.

– Мојата идеја беше да се изведат напади врз православни верски објекти на нивниот Божик. На почетокот немаше ниту финансии, ниту луѓе за тие напади. Јас во врска со тоа пребарав на интернет за тоа каде се наоѓаат нивните (српски) цркви, како и за силни отрови и експлозиви, вели Бехрами во изјавата.

По ова, според него, би уследиле и напади на Велигден и тоа во Грачаница, Митровица, Пеќ и Призрен, а откако и тие планови пропаднале, почнале да планираат напади на српскиот празник Видовден.

Овие планови, според обвинението, пропаднале затоа што органзиаторите не успеале да најдат луѓе кои би ги извеле, а имале потешкотии и за пронаоѓање експлозив, иако за таа цел еден од обвинетите отпатувал во Албанија, каде што контактирал со одредено воено лице.

Друг обвинет, Грамоз Шабани, кој има белгиско државјанство, планирал напади во Белгија и Франција и тоа на места каде што има голема фреквенција на граѓани.

Делувајќи според инструкции на Шабани, обвинетата Едона Халити, според обвинението, во текот на мај годинава, до 2 јуни, била инволвирана во инкриминирачки дејствија за подготовка на терористички напади во Косово, на тој начин што планирала да изврши самоубиствен напад со возило полно со експлозив врз припадници на КФОР.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ