• Latest

Истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите

February 22, 2020

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите

February 22, 2020 13:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На полноќ истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година.

Печатените медиуми и интернет-порталите беа должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а телевизиите и радијата до АВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Членот на Државната изборна комисија (ДИК) Јанаќе Витаноски на денешната 58. седница информира дека скоро сите медиуми, печатени медиуми и порталите го запазиле рокот и ги доставиле своите ценовници.

“Заврши рокот до вчера, до 24 часот, и сите медиуми, портали, пишани медиуми ги доставија своите ценовници согласно одлуката што ја донесе ДИК за утврдување на просечната цена постигната во последните пет циклуси, а тоа е 1,83 евра од секунда за медиумите и 0,66 евра за секунда за радијата. Сите тие се кај нас во обработка денеска и ДИК в понеделник ќе го објави регистарот на сите пријавени медиуми, за кој сме задолжени да го направиме. Тие што имаат влезено во регистарот и кој ќе има доставено регуларни ценовници, ќе ги истакнеме и ќе ги доставиме до сите учесници во изборите, односно до политичките партии“, рече Витаноски.

Појасни дека врз основа на овој регистар и овој ценовник ќе биде исплатена платената политичка реклама од политичките партии, а од средствата на буџетот кои ќе изнесуваат две евра по запишан избирач или околу 3.600.000 евра ќе бидат исплатени средства од буџетот на државата.

„Ќе ни ги достават до ДИК, а ние  врз основа на документите што ги имаме и овој регистар и ценовник ќе бидат исплатени во рокот определен во законот“, рече Витаноски.

На новинарско прашање што ќе преземе ДИК за заштита на изборите, потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху изјави дека со закон има Кодекс за фер избори кој ќе биде потпишан од политичките партии, а медиумите за тоа ќе бидат дополнително информирани.

„Планираме уште еднаш да ги повикаме сите политички партии кои ќе поднесат листи за пратеници за парламентарните избори да дадат изјави дека до крај изборите ќе бидат фер и демократски организирани како од наша, така и од нивна страна“, рече Шеху.

Од ДИК апелираат бидејќи се користат буџетски средства, средства на граѓаните, програмите и кампањите на политичките пратии да не бидат црни туку, како што велат, да бидат проекти во интерес на граѓаните и да дадат чекор напред кон НАТО и ЕУ. Од ДИК информираат дека ќе ги искористат сите механизми, ќе влијаат со својата работа, да ги повикаат и да ги насочат сите учесници во изборите на стриктно почитување на сите одедби поврзани со кампањата согласно Изборниот законик.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ