• Latest
Зоран Иванов

Иванов: Заслужуваме европска визит карта

April 22, 2019
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Во тек се преговори за прекин на огнот во Газа, додека Израел одбележува годишнина од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври

October 7, 2025

„Една песна, една Европа“: Кога музиката ги брише границите меѓу ЕУ и Западен Балкан

October 7, 2025
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов: Заслужуваме европска визит карта

April 22, 2019 17:08
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Зоран Иванов

Зоран Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Зоран Иванов, на дебатата по завршувањето на првиот круг од претседателските избори, која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, во однос за тоа како помина првиот круг од претседателските избори, вели дека и покрај некои инциденти, до некаде е стигнат тој степен за мирни и чисти избори, како што е и впрочем услов за влез во Европската унија.

Иванов претпоставува дека во однос на оценката за изборите, и на ОБСЕ и ОДИХР, ќе биде позитивна и дека навистина заслужуваме европска визит карта.

„Немавме чувство дека со списоци се вадат луѓе, уцени за вработувања, тоа е едната димензија. Втората димензија самото место, партиите водеа кампањи и партиите си ги одмеруваа своите рејтинзи, особено тоа го правеа Алијансата на Албанците, Беса и ВМРО-ДПМНЕ. На СДСМ тоа не му беше толку потребно, дури сакаше да покаже дека со крупна албанска партија, моќна, влијателна политички, дека можат да излезат со заеднички кандидат, но и тој заеднички кандидат беше изнуден. Ако добро се сеќавам, Али Ахмети прво се обрати до своите колеги и лидери на другите албански партии, па тие го откачија за заеднички кандидат, па се заврте после кон својот владин коалициски партнер и го измислија тој термин „консензуален кандидат“. Иако имам чувство дека ДУИ не направи доволно во првиот круг кампања, за да излезат тој дел од албанскиот електрорат на гласање, односно неговите гласачи“, вели Иванов.

Иванов додава дека резултатите зборуваат дека тоа е еден крупен чекор напред за ВМРО-ДПМНЕ и за нивниот нов претседател, Христијан Мицкоски, кој како што вели тој, доколку има добар спор ќе биде и лидер на партијата, а не само претседател.

„Како и да ја завртиме работава е голем шамар за СДСМ, ДУИ и за заедничкиот кандидат. Таа мала разлика се очекуваше, но ако се точни резултатите досега и ако таа се сведе и на некакво благо водство, на Силјановска, тоа знам дека на крај на 5 мај нема да биде така бидејќи нејзината кампања и нејзината политичка филозофија е заглавена меѓу кориците на учебниците по право на Правниот факултет и на тој кабинет. Ова е политичка функција, да не испадне дека ја користам реториката на нејзиниот против-кандидат во кампањата“, додава Иванов.

Иванов смета дека со оваа излезност и со овој резултат што го освои Гордана Силјановска Давкова, односно ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе имаат мотив уште повеќе да агитираат што повеќе луѓе да излезат на избори, за да предизвикаат парламентарни избори.

„Тука ќе го гледаат поразот на СДСМ и мислам дека тука ќе се води кампањата во двата круга, само да почекаме со резултатите, како и да е, тие се високи за Силјановска, малку неочекувано и ова е пристојна шлаканица за СДСМ и консензуалниот кандидат. Не е до кандидатот, туку е до партиите. Направија мал милион глупости, заборавија дека дојдоа на власт, не со помош на партиските членови, не само со помош на симпатизерите, туку со едно движење кое е подолг период се вложи себе“, додава Иванов.

Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Биљана Јордановска
фотографијa: Џабир Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share70Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ