Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Општина Центар Жупа се закажани за 17 април 2022 година.
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес го потпиша Решението за распишување на избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Општина Центар Жупа.
Недела,17 април 2022 година , е денот утврден за одржување на изборите. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија.“












