• Latest
Зоран Заев (фото: МИА)

Ја прифаќаме суштината на Резолуцијата, но важно е и да е во согласност со Уставот

July 22, 2021
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ја прифаќаме суштината на Резолуцијата, но важно е и да е во согласност со Уставот

July 22, 2021 14:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Зоран Заев (фото: МИА)

Зоран Заев (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Ја прифаќаме суштината и структурата на Резолуцијата, како и текстот, без да менуваме ниту точка, ниту запирка. Но кога премиерот ќе поддржи документ спротивно на Уставот, тоа зборува за Владата, тоа зборува за државата, тоа зборува за институциите. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали доколку не стои уставното име на државата во текстот на Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за националните црвени линии, истата ќе ја поддржи.

– Покажавме доблест и се надминавме за целиот свет, за Бугарија, секако за сите нас дома нема дилеми за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Имаше дилеми за Мицкоски, поднесоа резолуција. Суштината и структурата на целата Резолуција и текстот го прифаќаме без да менуваме ниту запирка, ниту точка. Има што да додадеме, би сакал да стои Преспански договор, би сакал да стои Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, зошто не. Еве не чепкаме да биде така, рече Заев.

Потсети дека пред неколку дена едногласно со 84 пратеници беше изгласан Мешовитиот комитет каде што стои Република Северна Македонија, потпишан и го копретседава господинот Александар Николовски, како и закони од безбедноста и одбраната гласани од сите заедно во Парламентот, вклучително и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

– Испраќам позитивна порака, се разговара на овие прашања, навистина покажавме доблест и големина, еве и ДУИ во разговорите се приклучи, албанската опозиција исто така се приклучи, помалите партии се приклучуваат, суштината е важна, како што е важен и Уставот, оцени Заев.

Вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата, а Резолуција во која нема уставно име, како што рече, нема правна форма. Истакна дека во однос на тој документ е поважно да не се направи штета и повика на внимателност оваа политика да не добие етничка и партиска димензија, бидејќи, како што рече, може само да ја ослабе нашата позиција.

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на денешната 47. седница на Собранието.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од скопски Карпош побара резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори“.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ