• Latest

Каменос: Ратификацијата на Договорот од Преспа со 180 пратеници, со референдум или со избори

July 3, 2018
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Каменос: Ратификацијата на Договорот од Преспа со 180 пратеници, со референдум или со избори

July 3, 2018 10:50
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот народ треба да одлучи за Договорот од Преспа, преку избори или референдум, во случај да не се ратификува со 180 пратеници во Парламентот, порача Панос Каменос, министер за одбрана на Грција, лидер на Независни Грци и коалициски партнер во грчката Влада.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на вонредната прес-конференцијата во Министерството за одбрана, Каменос рече дека договорот е лош, тој лично не го прифаќа и ќе се обиде да го блокира.

– Нема шанси да дојде Договорот за ратификација без став на грчкиот народ. Грчкиот народ ќе одлучи. Освен ако не дојде со 180 пратеници, а Нова демократија и ПАСОК го променат ставот што го имаат. Во тој случај нема да може да направиме нешто. Но, нема да дозволиме без одобрување од грчкиот народ, што може да се направи на два начини, или со референдум или со избори, да оди напред Договорот, рече Каменос потенцирајќи дека тој, како претседател на Независни Грци, партијата коалиционен партнер, ја презема одговорноста за конкретниот став.

Министерот за одбрана на Грција рече дека „Скопје нема никаква иднина во НАТО, ако не се ратификува договорот“, а во однос на Грција, го повтори неговиот став дека тој ќе се погрижи да нема ратификација без одобрување од грчкиот народ, во спротивно ќе се повлече од владата.

– Ако Договорот дојде за ратификација со 151 пратеник ќе се повлечам од владата, ќе одам кај претседателот на државата и ќе му кажам дека ја повлекувам мојата поддршка за владата, земјата да оди на избори, за да одлучи грчкиот народ, рече лидерот на Независни Грци.

Каменос објасни дека Договорот од Преспа „нема никаква тежина и никаква обврска за Грција“ сѐ додека не се ратификува од Парламентот, додаде дека ратификацијата во македонското Собрание не е валидна, бидејќи нема потпис од претседателот и потенцираше дека процесот за членство во НАТО нема да започне, ако Македонија не ги исполни сите обврски.

На НАТО самитот следна седмица, како што рече Каменос, ќе присуствуваат лично тој, грчкиот премиер, Ципрас и министерот за надворешни работи, Коѕијас. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ