• Latest

Кампањата „за“ референдумот во Дојран и во Валандово

September 1, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кампањата „за“ референдумот во Дојран и во Валандово

September 1, 2018 10:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските граѓани со засилено темпо почнаа да ги слушаат пораките од кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ за референдумот закажан за 30 септември на коалицијата што ја сочинуваат првично 30 политички субјекти, а според премиерот Зоран Заев планирано е да заврши со стотина различни организации. Кампањата денеска продолжува со дебати во Дојран и во Валандово, а синоќа коалицијата „Заедно за европска Македонија“ своите ставови ги претстави пред граѓаните на Кочани и Штип.  

Владини претставници, предводени од премиерот Зоран Заев и претставници на политичките партии се постојано на терен меѓу граѓаните, а не изостануваат и средба со странски претставници и учество на меѓународни конференции. Интензивна кампања за успех на референдумот има и на социјалните мрежи.

„Македонија во измината година има направено многу големи чекори напред. Напредните сили решија тешки прашања како спорот со името, со цел на земјата да и се обезбеди просперитет. Придобивките од членство во ЕУ и НАТО се огромни и за државата и за граѓаните и затоа тие треба да се искористи моментот“, ова беа дел од ставовите на учесниците на Меѓународната конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“.

– Со договорот со Бугарија, и еве сега со договорот со Грција испраќаме сериозни пораки дека европскиот дух и вредности опстојуваат и овде во Западен Балкан, за да испратиме порака на надеж за добри перспективи, рече на конференцијата премиерот Заев.

Пред Македонија и граѓаните е период во кој треба да донесат сериозни одлуки, кои како што кажа, не се лесни, но, сепак, потенцира,  и гарантираат сериозна иднина и на Македонија и на Регионот.

Ернст Штетер, генерален секретар на Фондацијата за Европски прогресивни студии рече дека покрај се што било направено во изминатиот период многу важен чекор била храброста да се реши спорот за името.

– Процесот на преговори за името е чист доказ како може да се постигне договор кога се има политичка волја и лидерство, дури и за најтешките прашања. Напредните сили успеаја да решат спор кој траеше многу години. Сега е вистинска можност за Македонија и моментумот мора да се искористи. Европската иднина мора да биде приоритет, рече Штетер.

Со ваквиот став се согласи и Марија Жоао Родригес претседател на Фондацијата, посочувајќи притоа дека во вакви историски моменти е потребно единство на сите субјекти и на граѓаните. – Сакаме Македонија да биде полноправна членка на ЕУ, додаде тој.

Премиерот Заев од оваа конференција ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава. Потребно е единство, потенцира Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но оти во историски моменти сите треба да застанат заедно бидејќи државата нема друг алтернативен пат.

– Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на РМ, рече Заев.

Затоа јас, наведе Заев, можеби наивно, но верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во успешноста на референдумот, дека ќе изнајде начин, и оти мора да изнајде начин.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму не излегува со јасен став во врска со тоа дали ќе го поддржи референдумот закажан за 30 септември. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ