• Latest

Катругалос: „Со Договорот од Преспа почнува нова ера на Балканот“

July 29, 2018

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Катругалос: „Со Договорот од Преспа почнува нова ера на Балканот“

July 29, 2018 11:29
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За перспективите што ги отвора Договорот од Преспа, за идната соработка меѓу Скопје и Атина, за реакциите во Грција и резултатите од истражувањата на јавното мислење, говори меѓу другото, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервју за МИА.

Катругалос во разговор со дописничката на МИА од Атина, вели дека со решението меѓу двете земји се отвора нова ера на Балканот, најавува дека наскоро авионското поврзување на Атина и Скопје ќе биде реалност, користејќи го неговото знаење како професор по уставно право вели дека Договорот од Преспа не остава простор во иднина одново да се преговара и изразува убеденост дека грчкиот парламент ќе даде зелено светло кога ратификацијата ќе се најде на дневен ред.

 

Господине министре, која е пораката што ја испраќа Договорот од Преспа, како до народите на двете земји, така и до ЕУ и регионот?

– Пораката што ја испраќа Договорот од Преспа е дека разликите меѓу државите треба да се решаваат со дијалог, а не со неплодна националистички конфронтација, што се води од внатрешно политички причини. Исто така, дека кога постои волја и желба можат да се направат големи чекори и да се решат спорови кои ги измачуваат не само двете држави, туку и поширокиот регион. Двајцата премиери, Ципрас и Заев покажаа дека и покрај било која политичка цена беа подготвени да одат напред за националниот интерес и на двете земји.

Што се однесуваат на вашите надлежности, какви перспективи отвора Договорот? Постојат некои конкретни проекти што набргу ќе се најдат на маса? Кога би можеле да го очекуваме да почне авио поврзувањето Атина – Скопје и отворањето на граничниот премин Преспа?

– Овој историски Договор, од една страна политички го стабилизира доста измачениот регион на Балканот, а од друга страна отвора нови хоризонти на економска соработка и развој. Веќе од надлежните министерства на нашите земји се разгледуваат предлози за имплементација на инфраструктурни погранични проекти, преку програмата Intereg. Авионското поврзување на Атина и Скопје мислам дека многу брзо ќе биде реалност, додека пак за граничниот премин кај Преспа ќе имаме новости во следниот период.

Како надлежен министер за европски прашања во постојан контакт сте со вашите колеги од Европа. Што велат тие за Договорот?

– Сите европски држави и европските институции топло го поздравија договорот, бидејќи признаваат дека на најдобриот win-win начин се реши едно прашање што ја измачуваше речиси три децении европската политичка сцена. Сите признаваме дека по Договорот од Преспа но и со претстојниот договор меѓу Грција и Албанија, започнува една нова ера на Балканот. Период на мирна соработка што ќе донесе само придобивки за граѓаните на сите држави од балканскиот полуостров. Но, Договорот, не е важен само за нашето „соседство“. Во период кога во Европа кулминираат феномени на ксенофобија и шовинизам, нашите две земји испраќаат една позитивна порака на помирување и мирен соживот.

 

Грција сите овие години ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан. Како Атина, во пракса би можела да му помогне на Скопје на патот кон ЕУ?

– Патот за интеграција на Западен Балкан во Европската унија ќе биде тежок и доста трнлив, но е отворен, а Грција презеде конкретни иницијативи. Прво, со особено голем интерес ги поддржавме перспективите на нашите соседи, а посебно на вашата земја на Советот на европските лидери и на министрите за надворешни работи. Потоа, ќе ја обезбедиме неопходната техничка помош за реформите кои што се предуслов за интеграција. Грција, како најстара членка на ЕУ на Балканот, има техничко знаење (know-how) и може да им помогне на сите земји кандидати на патот кон членството. Во секој случај, доколку од нас се побара и дополнителна помош, подготвени сме да помогнеме каде што ќе биде потребно.

Како ги коментирате истражувањата на јавното мислење, според кои, голем процент од Грците се против Договорот? Зошто, според вашето мислење, реагира народот? Можеби не беше доволно подготвен за Договорот? Што, вие, како влада би можеле да направите за подобрување на климата?

– Националистичките сили и во двете земји не сакаа решение, бидејќи се хранат од континуитетот на спорот. Секако, сфаќам дека многу обични луѓе, многу патриоти се против договорот, некои поради недостаток на информации, други од емоционални реакции. Ние како влада одлучивме да продолжиме кон Договорот од Преспа и покрај било каква политичка цена, бидејќи веруваме дека тоа ќе биде од корист за грчкиот народ, но и за народот од соседната земја. На секој чекор сé до финализирањето на договорот, должни сме, колку е можно подобро да ги информираме нашите народи за да се ограничат реакциите.

Ќе помине договорот во грчкиот парламент? Со Независни Грци што ќе се случи?

– Оценувам дека историскиот Договор од Преспа ќе помине со големо мнозинство во парламентот. Не само поради тоа што целосно одговара, туку и повеќе од потребното, ја покрива грчката национална линија како што беше формирана од 2007, ако не и од 1995.

Некои од Нова демократија велат дека партијата, доколку дојде на власт ќе се стреми кон одново преговарање за договорот. Вие како правник, професор по право и експерт по уставно право, знаете подобро од било кој друг, Договорот остава таква можност?

– По потпишувањето на договорот постојат два патишта, ратификација или отфрлање. Периодот на преговори заврши. Во Нова демократија, за жал постојат гласови кои изразуваат екстремно десничарска реторика и овие гласови ги поддржува, барем во внатрешноста и раководството на опозициската партија. Но, дури и самиот господин Мицотакис, неодамна за голем германски весник изјави дека доколку се ратификува договорот во парламентот, тогаш ако Нова демократија стане влада, нема да го оспори.

Каква порака би испратиле на граѓаните на соседната земја?

– Сакаме да бидеме не само соседи, туку и пријатели и соработници. Ништо не нѐ разделува, а имаме многу да добиеме. Грција се стреми да биде фактор на стабилност во регионот и посакува да има одлични односи со сите соседни држави, особено со вашата. Од моментот кога договорот ќе биде целосно имплементиран, тогаш ќе бидат видливи, не само политичките и економските придобивки, туку и уште поголемото приближување на нашите народи, особено на нашите млади луѓе.

Сања Ристовска


Извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ