Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и БЕСА вчера непосредно пред истекот на рокот ги доставија каднидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори на 12 април до Државната изборна комисија
Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјант Хоџа, Дамјан Манчевски како претставник на СДСМ и претставници другите политички партии во коалицијата “Можеме” сметаат очекуваат дека ќе победат на изборите.
„На овие листи се наоѓаат 120 имиња, одговорни граѓани кои ја сакаат својата земја, кои се спремни да направат сѐ за својот народ и да се вложат себеси во професионална работа на независен Парламент. Ова е најголемата коалиција моментално, составена од различни партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните и иднината на државата како што е членството во НАТО и ЕУ, силен економски раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правна и праведна држава и здрава животна средина… Докажавме, а во новиот мандат ќе потврдиме дека можеме уште повеќе и уште подобро“, изјави Манчевски.