• Latest

Кога историјата се мери со денешни аршини

September 16, 2020
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога историјата се мери со денешни аршини

Во Штип Гоце бил скоро две години, а неговите однесувања и мисли се уште се раскажуваат кај потомците на неговите ученици. Затоа е скоро навредливо политичкото бранење на неговото дело. Тоа му припаѓа на светот, на сите борци за поправедно општество.

September 16, 2020 17:26
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Чиј е Гоце Делчев? Неделава медиумите се полни со изјави на политичари околу очекуваната дебата во мешовитата македонско-бугарска Комисија за историја што е формирана според Договорот за добрососедство со Бугарија. Власта со свој став дека Гоце е заедничка личност, опозицијата протестира и вели Гоце е наш идентитет и не може да се преименува во друга национална личност, затоа што тоа е напад врз постоењето на македонскиот народ.

Сето ова ме потсетува на српско-хрватската расправија што е Никола Тесла Србин или Хрват. Роден е во Австро-Унгарија, во областа што  се вика Лика, а сега е дел од Хрватска. Во Србија бил само еднаш и тоа на неколку часа. Неговата урна е во Музејот со неговите дела во Белград, родната куќа му е во Хрватска. Расправата ќе трае се додека некој не им рече – Тесла е Американец што сите свои дела ги создал таму и каде најдолго живеел.

Од Универзитетот  Колумбија се јавиле со кратка изјава: „Тесла по државјанство е американец, а неговите патенти се светска вредност“. Има ли некој нам да ни каже дека Гоце е роден во Османлиското царство, значи бил нејзин држављанин, завршил Воена академија во Софија, и бил нејзин питомец, но се борел за ослободување на македонскиот народ од ропство. И до овде нема нема ништо спорно за двете страни. Е, кога го пренесуваме даскалот во дваесет и првиот век многу работи ни се спорни и со соседите и во државата.

А зошто нашите политичари се натпреваруваат со изјавите за Гоце? По убедување бил социјалист онака како што тоа тој го сфаќал. Значи освен слободата се залагал и за социјални промени. Треба само да се прочитат неговите писма или спомените на некои од неговите соработници и соборци.

Има едно прекрасно сеќавање на Чернопеев пред Љубомир Милетиќ: “Парите од Мис Стон ги дадов на Гоце во една меана во Софија. Бев гладен и Гоце нарача вечера. Ни донесоа обично гравче со леб. Гоце само не погледна и рече: овие пари се за Организацијата немаме право да ги трошиме за наши работи. Никој не се осмелил да земе неколку лири, иако биле 14.000“. Истиот тој Чернопеев одбил да се дадат парите од  “мистонките“ на неговите деца кои гладувале. Ете зошто денешниве политичари не треба да спорат чиј е Гоце. Можете ли денес да замислите ваков морал и кај нашите и кај бугарските политичари, па и историчари. И со денешна имагинација тешко тоа ќе ни успее. Кога не можат да ги решаваат натрупаните проблеми, балканските политичари веднаш ги решаваат историските наследства со своите методи и морал. А тоа е невозможно.

Во Штип Гоце бил скоро две години, а неговите однесувања и мисли се уште се раскажуваат кај потомците на неговите ученици. Затоа е скоро навредливо политичкото бранење на неговото дело. Тоа му припаѓа на светот, на сите борци за поправедно општество. Ако за тоа се залагаме ќе имаме право да се нарекуваме потомци на неговото дело. Ако тоа не се прави, беспредметна е одбраната на спомениците и градовите што го носат неговото име. Овде никакви пароли не помагаат.


Авторот е долгогодишен новинар, уредник е во ТВ Ирис, Штип.

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ