• Latest

Кој и зошто сака да ги скара Македонија и Бугарија?

August 16, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кој и зошто сака да ги скара Македонија и Бугарија?

August 16, 2018 11:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Обидите за создавање тензии меѓу Македонија и Бугарија имаат за цел да го блокираат патот на Скопје кон НАТО, а во полза на Русија. Помагачите во тој проект не се никакво изненадување, објавува Дојче веле во анализата на нивниот дописник од Софија, Иван Бедров.

– Доколку човек ги следи бугарските медиуми последнава недела, ќе добие впечаток дека меѓу Бугарија и Македонија одново има тензии. Историски спорови, страв од територијални претензии, остри реакции – целиот арсенал познат од минатото е повторно впрегнат, за да ја убедува публиката од двете страни на границата дека нешто не е во ред. Тоа се случува точно пред најавениот референдум на 30 септември, на кој Македонците треба да кажат дали се согласни со новото компромисно име на својата држава – Северна Македонија, а позитивниот одговор ќе им го отвори патот кон НАТО и ЕУ.

Сѐ започна од цитираната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев дека „Илинденското востание е македонско“. Притоа, во архивите на медиумите тешко ќе откриете вест со таков наслов, затоа што изјавата не предизвика особено внимание. Затоа, поточно е да се каже дека сѐ започна од лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, која во изјавата виде голем скандал, ја повика бугарската влада на остра реакција, а на крајот испрати и писмо до Европскиот Парламент. Топката ја презедоа и други проруски политичари и така таа најде свое место и во македонските медиуми, чии читатели ќе гласаат на крајот на септември. А целата акција е дел од долгата редица напори чија цел е неуспех на референдумот и блокирање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ, невадува Бедров.

Борисов Заев

Од ништо – нешто

– Многупати досега политичарите од Македонија изјавувале дека Илинденското востание е македонско. Овојпат Заев е цитиран како го кажува тоа неколку денови откако заедно со бугарскиот колега Бојко Борисов ја чествуваа 115-годишнината од востанието кое во Бугарија се нарекува Илинденско-преображенско.

Корнелија Нинова реагираше прва и го повика премиерот Борисов „да се откаже од политиката на молчалива согласност со такви изјави, затоа што подоцна тоа може да ѝ се врати како бумеранг на Бугарија“. Таквата позиција на БСП е продолжение на нивниот став од пред два месеца, по повод потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција. Тогаш социјалистите повикуваа Бугарија да ја услови својата поддршка за почеток на преговори на Скопје со ЕУ „со гаранции дека промената на името нема да доведе до територијални претензии“.

Таквите позиции содржеа нескриена закана – грчкото вето да биде заменето со бугарско. И тогаш и сега БСП ја доби очекуваната поддршка. Лидерот на вонпарламентарната партија АБВ Румен Петков директно го нарече Заев „лажго“, а претседателот Румен Радев веднаш почна да зборува за ново отворање на договорот меѓу Македонија и Бугарија, подготовка на посебен анекс и вклучување на тие нови клаузули „во поглавјето 35 од преговарачкиот процес на Македонија за членство во ЕУ“.

Власта во Софија реагираше умерено – шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева иронично ја потсети Нинова за улогата на Бугарската комунистичка партија во поддршка на интересите на Русија и Србија во Титова Југославија и дополни: „Политиката на спротивставување е демоде. Со такви ставови можат само да се губат избори. Прашајте го Груевски!“ Борисов, пак, рече дека Бугарија ќе се потсети на тие изјави „кога ќе дојде време да се одобри влезот на Македонија во ЕУ“. Ден подоцна дојдоа изјавите на Заев дека „заедно ќе го славиме и чествуваме нашето минато… Заедно ќе бидеме едно семејство во сојузот на ЕУ и НАТО’“. Со тоа сѐ требаше да заврши, но не требало да заврши, наведува Бедров.

Кремљ

Интересот на Москва

– Доколку некој има интерес од разгорување на тензиите меѓу Бугарија и Македонија и со тоа да го спречи влезот на Скопје во НАТО и да го одложи почетокот на преговорите со ЕУ, тоа е Русија. Пред неколку недели Грција протера руски дипломати поради нивните обиди да го поткопаат договорот со Македонија и да испровоцираат протести. Заев соопшти за откриената шема за финансиско помагање на фудбалски навивачи во Македонија, кои требало да организираат немири против договорот со Атина, а парите доаѓале од руско-грчкиот милионер Иван Савидис.

Од Бугарија доаѓаат обиди за разгорување на страстите од страна на истите оние политичари кои секојдневно повикуваат на укинување на санкциите на ЕУ кон Путин поради анексијата на Крим.

Обидот за затегање на јамката околу Македонија е очигледен. Извршители се вообичаените осомничени. И токму поради тоа Корнелија Нинова не запира – лидерката на БСП испрати и писмо до претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, барајќи да се изјасни. Така „скандалот“ станува меѓународен. Точно тоа треба да биде забележано од Македонците кои во деновите пред референдумот треба да си ги почешаат главите и да си речат: „Чуму целата оваа мака кога соседите сеедно нема да нѐ пуштат во ЕУ?!“, пишува во анализата насловена „Кој и зошто сака да ги скара Македонија и Бугарија?“. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ