• Latest

Комплетно реновиран објектот на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и гарнизонот Скопје

March 13, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комплетно реновиран објектот на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и гарнизонот Скопје

March 13, 2021 12:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска денеска ја посети касарната „Илинден“, каде изврши обиколка на реновираниот објект на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и гарнизонот Скопје.

-Во период од помалку две недели ова е втор реновиран објект којшто го отвораме во касарната „Илинден“. Се работи за реконструкција, целосна, темелна на еден од објектите во касарната „Илинден“, каде што е сместена нашата гарда, како и единицата која што служи за логистичка поддршка на Генералштабот и на целиот гарнизон во Скопје, изјави Шеќеринска.

Министерката истакна дека во изминатиот период се посветиле на подобрување на условите за работа, во кои не спаѓа само платата и надоместоците што ги примаат војниците и старешините во армијата, односно во целиот тој концепт на добро работно место, спаѓаат и условите за работа, условите за сместување на нашите армиски припадници и шансата која што ја добиваат повеќе да придонесат.

-Ова е веќе трет голем објект којшто го реновиравме целосно, се работи за објектот над 3.500 квадратни метри, што ќе овозможи и нашата гарда, и нашите логистичари да работат подобро, во подобри услов, да бидат поефикасни и да видат дека државата го цени нивниот труд. Во нашиот проект за реконструкција водиме сметка и за нешто што не е само интерес на Армијата, а тоа е и намалување на загадувањето и зголемување на енергетската ефикасност, посочи Шеќеринска.

Таа додаде дека во секој проект што е започнат и завршен, повеќе од 20 проценти од средствата беа искористени за да се подобри енергетската ефикасност на зградите, бидејќи станува збор за згради во кои не е вложувано повеќе од 50 години, односно зградите се стари, изработени со стар материјал и стара технологија.  Шеќеринска посочи дека загубата на енергијата што била пристутна била и економски и еколошки проблем.

-Со вложувањето во новиве реконструирани згради, овозможуваме од една страна Армијата да работи во подобри услови, но овозможуваме Армијата и државата да ја штеди енергијата, да ја намали потрошувачката на енергија и да го намали согласно тоа и загадувањето. Енергетската ефикасност е политика која што ја води Владата во целина и енергетската ефикасност е еден од приоритетите во секој објект којшто целосно го реконструираме, изјави министерката за одбрана.

Шеќеринска посочи дека главна цел е старите згради, што беа карактеристика на Армијата, поради историјата, поради приликите, една по една да заминуваат во историјата и да ги заменат нови, модерни, рекоснтруирани енергетски ефикасни згради.

На тој начин, додаде таа, инвестирањето во НАТО Армијата нема да биде инвестирање во воена опрема за војниците и старешините, туку ќе биде инвестирање и во подобар систем за одбрана и подобро функционирање на државата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    171 shares
    Share 68 Tweet 43
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ