ЦИВИЛ организира конференција за изборни реформи: Перспективи на македонските избори, која ќе се одржи на 25 септември, утре, во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), со почеток од 12 часот.
На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.
Поканети се лидерите на политичките партии, без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна, релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница.
„Имаме причини да веруваме дека ова ќе биде навистина голем настан, на кој ќе се обидеме да дадеме долгорочни позитивни ефекти што ќе се потрудиме сите заедно да ги постигнеме во оваа област.“ – велат организаторите од ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Слободни граѓанки и граѓани за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.