• Latest

Концептот „дупекратија“ на црни Грујо го менуваат со концептот „меритократија“ на Мицкоски

December 7, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Концептот „дупекратија“ на црни Грујо го менуваат со концептот „меритократија“ на Мицкоски

December 7, 2022 15:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Заговара ВМРО-ДПМНЕ меритократија, го прочитав овој термин пред некој ден. Новиот „концепт“ на Мицкоски, излезе објавен на курирските портали, тие клозетски клоаки на „чесните“ и „самоопределените“.

Првата помисла ми беше: аха, значи од партија која воведе апсолутна „дупекратија“ – сите беа во задникот на оној што името не сакам да му го спомнам – денес ќе правеле обратно, на пазарот е концептот на меритократија.

Гледате, почитувани? Им се помешала терминологијата: од партија која игра со псевдомонархистички и псевдосоцијалистички наративи, воведува концепт – меритократија – уште една псевдопарламентарна конфузија во нивните глави.

ВМРО-ДПМНЕ само до вчера, на Груевски му се обраќаше со: „Да живее кралот македонски“, а колку само до вчера, и тие почнаа со, „Кралот е мртов“, „Кралот е мртов“, „Кралот е мртов“. Благодарение на ова спознание, јеби га, и Грујо не е глупав: спрашти за Пешта. Бегството на Груевски е вистинска реткост, обично до сега претседателите и премиерите ги убивавме, им поставувавме бомби, а некои ги испраќавме да играат во кладилница и да ја замолкнат својата муцка додека постои македонскиот свет и век. Едноставно, така историјата не’ учи кога се во прашање македонските „державници“.

Знае и Мицкоски, а знам дека Мицкоски знае дека и јас знам, ВМРО-ДПМНЕ е партија која базди и корне од дупевовлекување. Додека не се напикаат во извршна власт, од опозиција ќе урлаат на сите страни дека се за ред, поредок и „меритократија“. Штом се доберат до власт – а чисто се сомневам, бидејќи ќе се спрепнат на „оштриот камен“ наречен Ковачевски – ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се обиде да воведе „дупекратија“, според истиот принцип што го посакуваше и практикуваше „мртвиот крал“, оној црниот, што спрашти за Пешта, името да не му го спомнувам.

Ајде сега да видиме што значи меритократија во самата политичка реалност.

За да се обогатиш во ВМРО-ДПМНЕ, прво и основно, мора да си близок со лидерот лично. И второ, мора да бидеш на власт. Мицкоски ако го прашате, ќе ви рече дека се збогатил затоа што бил способен. Ако го прашате оној што спрашти за Пешта, истото ќе ви го каже. Ако ја прашате нивната котерија од бизнисмени, новинари, батлери и келнери, истoто ќе ви го кажат. Сите овие се збогатиле затоа што биле способни.

Тешка лага.

Се збогатија затоа што беа привилегирани. Оттука и нивниот презир према идејата за еднаквост – затоа што на нееднаквоста и должат сè што имаат.

Нивната идеологијата денес, во суштина, не е национализмот на Мицкоски, ниту верскиот фанатизам, туку македонска верзија на неолиберализам, приказната за „успешните“. Мицковистите, помалку-повеќе, одлучни се, декларативно, дека фашизмот треба да се осуди.

Денес, опозиционата класа, од фашизмот на црниот што спрашти за Пешта, се обидуваат да се трансформираат во успешни европејци. Сè променија за сè да остане исто. Нивниот неолиберален социјален дарвинизам во основа е – фашизам. Од идејата дека животот е такмичење, произлегува идејата дека победникот зема сè. Позади тоа, пак, излегува дека вишокот треба да се исчисти, што значи губитникот нема да земе ништо. Губитникот е вишок.

Тоа понекогаш се нарекува кратење на трошоци, понекогаш отпуштање на вишок на работна снага, а понекогаш – етничко, верско или расно чистење.

Ако ги величиш способните, тоа значи дека ги величиш расните, националните или културно супериорните.

Затоа и десетгодишниот терор на груевизмот со приказните за „мнозинството“ над „малцинството“ природно и спонтано се трансформираа во успех на способните и супериорните.

Груевистичката фашистичка идеологија беше и остана продолжеток на фашизам со „други средства“. Денешните десничарски елити родени се во фашистичко опкружување. Фашизмот, во оваа или онаа форма, е нивно природно опкружување. За одржување на фашизмот потребни им се партнери, граѓани, кои тие ќе ги пљачкаат – затоа се работи дури и за совршено злосторство.

Ви треба ли уште примери? Земете го блокираното Скопје. И ќе видите за што точно зборувам.

Извор: фронтлајн.мк


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ