Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека по парламентарните избори на 9 февруари повторно ќе води со новата извршна власт, пренесуваат косовските медиуми.
„Прво конечните резултати, потоа сертификацијата, па разговорите. Владата, безбедна, предводена од Движењето Ветевендосје и од мене“, накратко им рече Курти на новинарите на 10 март.
Движењето Ветевендосје е победник на изборите на 9 февруари со освоени 42,27 отсто од гласовите или 48 места во 120-членото Собрание. Тоа значи дека оваа партија не може сама да ја формира новата извршна власт, за која се потребни 61 пратеник.
Курти не одговори на новинарските прашања до кои опозициски партии е најблиска неговата партија, Движењето Ветевендосје.