За време на големиот пожар што пред неколку дена го зафати Велешко, дел од медиумите ширеа лажни вести и дезинформации.
Една од тие дезинформации е дека пожарот ги зафати хотелите и рестораните кои се наоѓаат во близина на велешкото езеро „Младост“, пријави граѓанскиот новинар, Дејан Ристов.
Дел од граѓан(к)ите коментираа дека државните институции не реагираа(т) навремено, додека други повикуваа да се упати молитва до Господ да пушти дожд.
Од хотелот „Глориус“ демантираат дека пожарот го зафатил хотелот.
„Информациите кои кружеа по одредени портали дека хотелот горел се апсолутно невистинити“, соопштуваат од хотелот.
https://www.facebook.com/gloriusrestaurantpoolbar/videos/1137015039822085/?v=1137015039822085
Пожарот зафати голем дел од борова шума, една празна свињарска фарма и една викендичка. За предизвикување на пожарот осомничени се пет лица.
ЦИВИЛ и понатаму ги охрабрува граѓан(к)ите да пријавуваат лажни вести.
Д. Муратов