• Latest

Македонија ќе добие две возила и техничка опрема за детекција на нуклеарен материјал

August 29, 2018

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија ќе добие две возила и техничка опрема за детекција на нуклеарен материјал

August 29, 2018 15:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меморандум за разбирање помеѓу американското Министерство за енергетика и Министерство за внатрешни работи на Република Македонија во врска со спречувањето на нелегалната трговија со нуклеарен и друг радиокативен материјал, денеска потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли.

Меморандумот, како што рече министерот Спасовски,  ќе овозможи поквалитетна контрола и превенција на проблематиката со нелегална трговија со нуклеарен и друг радиокативен материјал, притоа воспоставувајќи повисоки технички, оперативни, стручни и други стандарди, и истовремено инволвирајќи ги поефикасно конкретно надлежните инситуции – не само Министерството за внатрешни работи, туку и Царинската управа на Република Македонија, како и Дирекцијата за радиациона сигурност.

-Овој Меморандум за разбирање претставува нова нормативна рамка за интензивирање на досегашната заедничка и плодна соработка. Со Меморандумот за разбирање, МВР и Националната управа за нуклеарна безбедност при американското Министерство за енергетика одат чекор напред во партнерските напори за поквалитетна контрола и превенција на проблематиката со нелегална трговија со нуклеарен и друг радиокативен материјал, рече Спасовски.

Со Меморандумот се отвораат конкретни можности и за експертско, односно стручно оспособување на наши службеници во областа на нуклеарната и радиоактивна заштита, што бездруго ќе значи дополнителен инпут за зголемување на нивото на заштита, како во национални, така и во регионални и меѓународни рамки.

Министерот информираше дека до крајот на годинава, односно во текот на ноември, од страна на Националната управа за нуклеарна безбедност за потребите на соодветните гранични служби на МВР ќе бидат донирани два мобилни система за детекција, посебно специјализирани возила со дополнителна современа опрема – вредни околу 550.000 американски долари. Опремата ќе се користи во процедурите на работа како на организациските единици од МВР, така и на Царинската управа и Дирекцијата за радиациона сигурност.

Соработката меѓу  Министерство за енергетика на САД и МВР, според амбасадорот Бејли, ќе доведат до зголемена способност за откривање и спречување на нелегалната трговија со нуклеарни и други радиоактвини материјали во Македонија.

-Тоа ќе значи техничка соработка, поконкретно, инсталирање на нови и подобрување на постоечките системи на граничните премини и на други локации во Македонија, појасни Бејли.

Директорката на Управата за нуклеарна безбедност на САД Лорел Котон информираше дека со испораката на возилата ќе биде обезбедена и детална обука за ракување и одржување на тие системи од експерти за нуклеарна безбедност од националните лаборатории на САД. Ова, рече таа, е многу важна работа за да се спречи користењето на нуклеарните материјали во терористички акции. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ