Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, реагирајќи на огромниот ракетен напад врз украинските градови, ги осуди „намерните и со цел извршени напади врз цивили“.
Ова претставува суштинска промена на природата на оваа војна, изјави Макрон пред новинарите за време на патувањето во францускиот регион Мајен.
Макрон додаде дека веднаш по неговото враќање во Париз, ќе се сретне со неговите воени и дипломатски советници и ќе разговара за рускиот ракетен напад врз Украина, во кој загинаа најмалку 11 цивили, а повеќе од 60 се повредени.