• Latest

Манчевски: Добивавме закани дека ќе бидеме убиени

August 31, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Добивавме закани дека ќе бидеме убиени

August 31, 2018 11:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите 33 обвинети за случувањата на 27 април во Собранието на Република Македонија се присутни на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од Обвинителството.

Денешното рочиште почна со сослушување на сведокот Дамјан Манчевски, а треба да сведочат и Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.

Манчевски рече дека на 27 април бил во прес-салата на Собранието заедно со Зоран Заев и други пратеници и оти кога толпата влегла во прес-центарот забележал човек со црна маица и ознаки на „хос“ кој носел оружје.

– Толпата ја проби вратата. Поголема група луѓе се упати кон нас и почна да мава со раце, стативи за камера, столици, тастатури и се што најдоа пред себе, како и со стапови од знамиња што ги носеа со себе. Видов лице со оружје. Тоа носеше црна маица со ознаки на хос без коса и со брада во тој момент, рече Манчевски.

Во неколку наврати, појасни Манчевски, можев да видам дека лицето посегнува по задниот дел од пантолоните и во рацете го држи оружјето.

– Никогаш не го извади во целост, но постојано додека траеше настанот добивавме закани дека ќе бидеме убиени, што мене лично ми ја покажува намерата на целата група, сведочеше Манчевски, додавајќи дека човекот со оружје ни бил толку активен како останатите, но оти цело време бил фокусиран со погледот кон Заев.

Рече дека имал впечаток оти и други лица носат оружје, но оти не видел друго лице со оружје.

Манчевски сведочеше дека постојано добивале закани по живот и дека ќе ги убијат оти ја продале државата и дека се предавници.

Пред судот Манчевски кажа дека добил удар со бокс во пределот на носот и оти носот му бил скршен. Постојано добивал шамари и удари со статив од камера и чадор којшто потоа го откупил од лицето што го удирало за 1.000 денари.

– Откако Зијадин Села падна и ја прославија победата, толпата почна да прави јажиња од каблите од опремата за да не бесат, рече Манчевски.

Кажа дека никој од собраниското обезбедување не се обидел да ги однесе на побезбедно место додека траел настанот.

Прашан како се однесувало собраниското обезбедување, Манчевски кажа дека чул како  шефот на собраниското обезбедување телефонски се обидува да добие некој, но потоа неговиот коментар бил „оставени сме сами”.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Судскиот процес започна на 22 август со воведни говори на обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на обвинетите.

Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, а одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ