Тој смета дека е клучно да се почитува мислењето на здравствените власти од каде сметаат дека во јуни, поради досегашните рестрикции, не очекува период на стивнување на епидемијата од корона вирусот и затоа е неопходно изборите да ги организираме во тој период.
„ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторни и неодговорни. Ние сметавме дека Собранието може да заседава, тие беа против тоа. Во услови ако имавме активно Собрание, ќе бевме покомотни и ќе можевме да разговараме за избори во друг термин. Доколку во одредена ситуација нема потреба од вонредна состојба, а од друга страна немаме избори во првиот можен рок, како ќе функционира државата. Ние ќе треба вештачки да ја продолжуваме вонредната состојба за да имаме функционален систем, што не е добро. Влегуваме во опасно сценарио без парламентарна контрола. Ние сме одговорна власт, но ако ова трае предолго тоа не е добро за демократијата“, нагласи Манчевски и потсети дека и други земји како Франција, Србија и Хрватска брзаат да го искористат овој период за избори, во случај да има втор бран од вирусот“, рече Манчевски.
Тој додаде дека и бизнис заедницата бара стабилност, предвидливост и затоа мора да се обезбеди функционален систем кој ќе го овозможи тоа согласно заздравувањето на економијата.
Во однос на изборната кампања Манчевски е дециден дека веќе не можеме да очекуваме класична кампања, СДСМ нема да планира митинзи и целата кампања ќе ја прилагоди, ќе ја насочи на онлајн активности, преку социјалните мрежи и без масовни собири.
Манчевски зборуваше и за новиот пакет економски мерки вреден 500 милиони евра.