Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска повторно ќе излезат на протестен „Марш за ангелите“ во Кочани.
Маршот ќе започне подоцна од досегашните, во 18:05, симболично поради задоцнетата реакција на институциите.
Организаторите на маршот велат дека протестот има цел да се добие правда за загинатите млади луѓе, но истовремено е и за поддршка на повредените во трагедијата, па ги повикуваат и нивните блиски, роднини и пријатели да им се придружат. Пожарот не беше несреќен случај, туку масовно убиство, велат семејствата на жртвите.
Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на револуцијата во Кочани, ќе продолжат низ трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.
Организаторите ги покануваат сите граѓани кои ги поддржуваат нивните барања, да им се придружат.