ЦИВИЛ Медиа по неколку твита од загрижени граѓанки и граѓани кои пријавуваат проблеми со достапноста на матичната служба во Маџари, се обиде да стапи во контакт со општина Гази Баба, но неуспешно.
Матичното во Маџари не работи комплетно,затоа што немаат интернет,им го имаат исклучено заради неплаќање сметки од минатиот Четврток.Не знам под кого спаѓа дали под Гази Баба или Скопје,ве молам да се реши затоа што не можеме да пријавуваме новороденчиња.Молам за РТ!
— Bekim Qazanova (@Safarafov) December 26, 2017
Контактиравме со Телеком од каде ни потврдија дека телефонскиот број на матичното оделение во Маџари (02 2522280) нема пристап до рутерот, односно не остварува конекција, а ако пробате да завртите на телефонскиот број ќе добиете автоматизирана порака дека „Корисникот го исклучил својот телефон или е надвор од мрежно покривање“
Дали се работи за неплаќање на сметките или за проблем кој не е пријавен во Телеком, сепак овој сектор на матичната служба не е во функција за своите граѓанки и граѓани.
Ермин Климента