• Latest

Меџити: Албанскиот преставник во Владата го определува волјата на Албанците а не волјата на сојузите и канцелариите

February 28, 2020
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Меџити: Албанскиот преставник во Владата го определува волјата на Албанците а не волјата на сојузите и канцелариите

February 28, 2020 13:26
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изет Меџити од ДУИ во врска со вчерашното формирање на предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса, денеска на прес-конференција рече дека неговата партија тоа го оценува како свесна дефакторизација на албанскиот глас од овие партии.

„Вчера наместо да честитаме за големиот сојуз на малите албански партии, за жал констатиравме повторна и свесна дефакторизација на албанскиот глас од овие парти. Изразуваме жалење за неуспехот за обединување на малите албански партии кои не успееја да се соединат заедно поради лични интереси“, рече Меџити.

Според него, потегот на овие партии е во спротивност со албанските интереси и претставува очајнички напор за спас на политичката сцена, додавајќи дека претопувањето во таканаречениот сојуз на Беса во СДСМ е нивен партиски интерес и одлука на раководството на овие партии.

„Сепак, при вчерашната најава на сојузот и во постојаниот наратив на македонските политички партии, се зборува за условувањето на ДУИ кон македонските партии за правата на Албанците. Двете македонски партии не се разликуваат и велат дека нема да се дозволи уценување на коалицирањето од страна на ДУИ, уценување за правата на Албанците и затоа бараат гласовите од граѓаните за да не се уценуваат од ДУИ“, рече тој и додаде дека освен што ги бараат гласовите на Македонците, тие бараат и албански партнер за да не дозволат уценување.

За жал, како што рече, се нашла и една албанска маргинална партија која, според него, се стопила во
наративот за спречување на уценувањето кон македонските партии од страна на Албанците, уценување за неселективна правда, за работни места за Албанците, за економски развој на албанските региони…

„Да, вистина е, ние ги условувавме македонските партии за промена на името на државата, за промена на Уставот, за да станеме дел од НАТО и ЕУ, за да имаме двојазична држава, за да имаме претседател на Собранието Албанец, за да постигнеме Договор со Бугарија, за ветинг, за работни места за Албанците, за унапредување на администрацијата и други. Ова наше условување ја донесе нашата земја во НАТО, на прагот на ЕУ и на целосната етничка рамноправност“, рече тој.

Оцени дека „ова прогресивно условување ги натерало македонските партии да бараат и да најдат маргинална албанска партија која жедна за власт прифаќа безусловна коалиција“.

„Ние како најголема албанска партија и гарант на Охридскиот, Преспанскиот и договорот за добрососедство, имаме задача да ги заштитиме правата на Албанците и затоа не може да има Влада во ова земја без албанскиот победник на демократски избори. Албанскиот преставник во Владата го определува волјата на Албанците а не волјата на сојузите и канцелариите“, заклучи Меџити на прес-конференција

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ