Во врска со донесувањето на Законот за правична застапеност и одлуката на Уставниот суд за укинување на „балансерот“, вицепремиерот Изет Меџити рече дека има скоро финална верзија и се чека денот кога како Влада ќе го промовираат, по што ќе биде испратен на Венецијанска комисија за мислење, за најпосле да се врати во парламентарна процедура.
– Се соочивме со одлуката на Уставниот суд коjшто го укина балансерот и премиерот и јас и сите чинители кажавме дека ова е уставна категорија и ќе се реши со Закон за правична застапеност. Веќе има скоро финална верзија. Денот е во прашање кога ќе излеземе како Влада, да го поминеме во Влада да го промовираме да оди на Венецијанска (комисија) за мислење и потоа да се врати на парламентарна процедура. Но, во меѓувреме откако настапи проблемот со „балансерот“, сѐ додека законот ќе биде валиден и ќе имаме конечна верзија правичната застапеност важи и има политички договор да се почитува правичната застапеност и без балансер и без закон за правичната застапеност во овој период, рече денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, по Форумот за енергетика и технологија помеѓу Чешка и Северна Македонија.
Фото: Фејсбук на Изет Меџити